24-та седница на Советот за соработка со и развоj на граѓанскиот сектор

На седницата на Советот за соработка со и развој граѓанскиот сектор која што се одржа вчера, на 02-ми ноември, меѓудругото се разгледуваше и кварталниот извештај за спроведување на стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, каде што се утврди дека особено деловите кои што се однесуваат на унапредувањето на овозможувачката околина за делување на граѓанските организации остануваат нереализирани.Такви се на пример, измените во законот за здруженијата и фондации, и формирањето на државниот фонд за институционална поддршка и развој за ГО, даночни олеснувања за ГО, социјално претприемништво итн.Во таа насока последните 2 месеци остануваат на нас граѓанските организации да иницираме колку што е возможно отпочнување на процесите поврзани со делувањето на ГО, но и да ги поттикнеме институциите да придонесат кон истите,Деталниот извештај за реализираните активности, како и текстот на самата стратегија се достапни на следниот линк.Исто така особено е значајно што претстои но стратешки период на планирање во кој што треба сите ГО да се вклучиме и да придонесеме истиот реално да ги одрази нашите потреби и интереси.Промоцијата на работата на Советот како и стратегијата за соработка на Владата и граѓанскиот сектор се дел од активностите кои што Руралната Коалиција ги спроведува во рамките на институционалната поддршка на програмата на Civica Mobilitas.