Day: September 18, 2021

Руралниот женски пазар “Наша тезга” претставен и пред бизнис заедницата

Објавено на: 16.09.2021 година.

Рурална Коалиција полека, но сигурно го гради бизнис партнерството, но и го отвора патот кон социјалното претприемништво и тоа благодарение на заложбите на Konekt и GIZ North Macedonia , a рамките на проектот насочен кон изградбата на првиот женски рурален е-пазар “Наша тезга”.
 
“Наша тезга” беше промовирана пред бизнис партнерите, медиумите, дизајнерите, ИТ компаниите, а се со цел да може да добијат слика до каде е стигната изградбата на платформата, но и да утврдат каде ќе може да го дадат својот придонес и својот белег во изградбата на платформата, а со тоа да ги поддржат жените од руралните средини во нивната продажба и економски бенефит.
 
Овој период тече прибирањето на податоците на терен од жените кои што се заинтересирани да станат дел од платформата, по што пак ќе следува и презентација на нивните животни приказни, но и на креирањето на првите пакети со земјоделски производи создадени од жените од руралните средини за сите нас!
 
Следете не во најголемиот потфат кој што Рурална Коалиција го прави од нејзиното основање, а во насока на унапредување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини, а додадената вредност на ваквата иницијатива е што директно придонесува и кон Целите за одржлив развој на Обединетите нации Global Goals for Sustainable Development особено кон целта 5 – Родова еднаквост и целта 8: Достојна работа за сите и економски раст.

Одржана првата конститутивна седница на Советот за соработка на Владата со граѓанското општество

Објавено на 15.09.2021 година.

Работната недела ќе ја заокружиме со уште една информација која што е од значење за граѓанското општество, а во која што свој удел и придонес има Рурална Коалиција.
 
На 15.9.2021 година Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Првата (конститутивна) седница на која што беа споделени информациите за работата на претходниот состав на Советот, а беа избрани и претставниците на работната група за реформа на државното финансирање кое што всушност е едно од најгорливите прашања со кои што се соочува граѓанскиот сектор, а еден од членовите на оваа група ќе биде и извршната директорка на организацијата, Лилјана Јоноски.
 
Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Отворено општество Македонија Скопје беше повторно избрана за претседателка на Советот, а Гордана Гапиќ-Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација за заменик на претседателката на Советот.
 
Дополнителни информации за првата седница на вториот состав на Советот може да најдете на веб страницата на Одделението за соработка со невладини организации.

Се ближи крајот на менторската поддршка во рамките на програмата на EU TACSO 3

Објавено на: 14.09.2021 година.

Активностите во Рурална Коалиција во полн ек и тоа на повеќе полиња истовремено, а особено значајни ни се активностите преку кои што вложуваме во нашиот институционален и организациски развој.
 
Стратегијата и акцискиот план за застапување речиси готови, а благодарение на менторството на Д-р. Симонида Кацарска и поддршката на Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција (EU TACSO 3) EU TACSO.
 
Следете не и наскоро ќе може да ги дознаете активностите и иницијативите кон кои што ќе може да ни се придружите во застапувањето пред институциите, но и пред донаторите.

Жените од руралните средини и предизвиците во дигитализацијата

Објавено на: 13.09.2021 година.
 
Рурална Коалиција денес беше една од граѓанските организации од Западен Балкан која што дискутираше на темата: Жените и дигитализацијата, а при тоа изнесувајќи ги предизвиците со кои што се соочуваат жените во руралните средини кога е во прашање дигитализацијата
 
Главните акции кои што треба да бидат превземени во насока на надминување на предизвиците и јазовите кои што се јавуваат кога се во прашање жените и дигиталната трансформација се превземање на заеднички напори на сите засегнати страни и тоа во делот на дисеминација на информации, зголемување на дигиталната/компјутерска писменост, мапирање на потребните знаења за дигиталните вештини кои што на жените од руралните средини ќе им помогнат во нивната дигитална комуникација и промоција на она кое што го произведуваат и продаваат, понатаму јакнење на свеста кај жените за родоваѕа еднаковст и дигитализацијата, вклучување на бизнис секторот во процесите, но исто така и вклучување на донаторите особено во делот на финансирањето на ваквите заложби, но и во делот на нивната имплементација на терен, а на највисоко ниво беше ставена регионалната соработка и размена на искуства во земјите од Западен Балкан+Турција
 
Ваквите консултации беа последователна активност на истражувањето спроведено од UN Women а посветено на жените и дигитализацијата
 
Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas