Month: September 2021

Промовиран кодексот за саморегулација на граѓанските организации

Објавено на 28.09.2021 година.

Кодексот за саморегулација е еден од документите или неформалните правила на однесување кој што недостасуваше во граѓанското општество.
Доброто управување е важно за граѓанските организации, а уште поважно за мрежите од граѓански организации, а се со цел да има начин, но и правила како ние граѓанските организации да бидеме транспарентни внатрешно во рамките на самата мрежа/коалиција, но и кон надвор односно кон граѓаните и локалната заедница.
Од исклучително значење е граѓанското општество да биде пример за отворено и транспарентно општество уште повеќе поради тоа што ако граѓанските организации ја бараат транспарентноста од институциите, тоа најпрво треба и тие самите да го понудат.
Во исто време ваквиот позитивен пример на саморегулација кој што го зедоа како предизвик кој што ќе треба да го реализираат токму граѓанските организации ќе значи зголемување на легитимитетот, но и довербата на граѓаните и локалната заедница во дејствувањето и работата на граѓанските организации, но и мрежите во кои што истите делуваат.
Верувајќи во оправданоста на изработката и донесувањето на ваквиот кодекс за саморегулација, Рурална Коалиција беше една од организациите која што беше активно вклучена во неговата изработка, но и една од првите организации која што го потпиша истиот заедно со Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , Konekt и Фондација Отворено општество – Македонија , но во исто време и една од првите мрежи/коалиции на граѓански организации кои што ќе работат на неговата промоција и имплементација.
Промоцијата и потпишувањето на кодексот беше една од главните активности која што го одбележа овогодинешниот фестивал- Ден на граѓанските организации кој што се организираше по четврти пат во рамките на програмата на Civica Mobilitas посветено на 30 години граѓански активизам, а на кој што свои обраќања имаа Никица Кусиникова, како извршна директорка на Конект, Фани Каранфилова-Паноска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија, Александар Кржалоски, извршниот директор на МЦМС, како и извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски.

Рурална Коалиција дел од фестивалот “Ден на граѓанските организации”

Објавено на 25.09.2021 година.

Да се биде дел од најголемото семејство на заедницата во граѓанското општество е чест и привилегија, меѓутоа воедно и силна обврска и посветеност да придонесете колку што можете повеќе!

Токму тоа се обидовме да го направиме ние на 4-тиот по ред фестивал на граѓански организации во организација на Civica Mobilitas и да покажеме колку ни е важен руралниот развој во нашата земја, но и да ја најавиме првата платформа за продажба на земјоделски производи произведени од страна на жени од руралните средини производи кои што исто така беа дел и го красеа нашиот штанд. Таму бевме и за да ја промовираме работата на првиот локален центар за е-владеење кој што е директна поддршка за земјоделците при користењето на е-услугите, но таму бевме и да зборуваме за климатските промени и ранливоста на земјоделството.

Таму бевме исто така да и се заблагодариме на H. E. Сибил Сутер Техада за нејзиниот неуморен ангажман и поддршката на Швајцарската амбасада на граѓанското општество кај нас токму преку програмата на Civica Mobilitas.

Нека ни расте заедницата на Civica Mobilitas Community а заедно со неа нека растат и промените кои што ги носи со себе токму граѓанското општество!

Промовиран извештајот за достапноста на е-услугите во руралните средини

Објавено на 24.09.2021 година.

34% од населението во руралните средини немаат информација дали нивната општина има активна веб страна, а над 40% услугите ги добиваат со посета на општините, додека пак 33,5% преку контактирање со познаници/пријатели.

Комуникацијата на руралните општини со населението е оценето со средна оцека 3, додека пак дури 51% од населението не знаат кои услуги ги има и ги нуди општината, па често пати се мешаат надлежностите на националните и локалните институции.

Само 12% од испитаниците одговориле потврдно на прашањето дали има назначено лице за комуникација со граѓаните, а дури 64.5% никогаш не поднесуваат претставки до општината за да се унапреди квалитетот на услугата од која што не биле задоволни.

Ова се само дел од резултатите на истражувањето кое што Рурална Коалиција го спроведе теренски во периодот јули – август 2021 на територијата на општините Старо Нагоричане, Врапчиште и Кривогаштани со учество на вкупно 155 испитаници, жители на руралните општини, а беа презентирани на денешната отворена дебата со жителите на руралните средини и општините.

Отворената дебата и презентацијата на резултатите од истражувањето и извештајот се организирани во рамките на проектот „Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа“ кој што е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво.
Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).
 
Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas

Едукативно видено за е-директни плаќања(субвенции)

Објавено на 20.09.2021 година.

Погледнете го и второто едукативно видео изработено во рамките на проектот “Дигитализациjа во земjоделството СЕГА!” кое што на практичен и едноставен начин го објаснува и разјаснува електронското аплицирање за директните плаќања, односно субвенциите како најголема финансиска поддршка во секторот земјоделство и рурален развој. 

Видеото има за цел да го зголеми електронското аплицирање за субвенции страна на земјоделците и на таков начин да ги направи достапни електронските услуги на институциите до граѓаните, а кои што во исто време штедат и време и пари и ги прават услугите достапни до вратата на секое земјоделско стопанство.

Рурална Коалиција е една од трите организации кои што управуваат со локалните центри за е-поддршка кои што се финансиски поддржани во рамките на проектот Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda