Day: July 1, 2021

Како до климатска акција во земјоделството?

Објавено на 01.07.2021 година.

Климатските промени во земјоделството го земаат својот замав секојдневно, а се почести се и видливите ефекти од истите на нивите и полињата.

Но, за жал најголемиот дел од земјоделците сеуште сметаат дека државата е таа која што треба да го реши проблемот со климатските промени, но исто така многу е низок процентот на земјоделци кои што превземаат посериозни чекори кога станува збор за справување и ублажување на климатските промени.

За да започне да се менува ваквата слика потребна е “Климатска акција за климатските промени во земјоделството“ како што всушност е и називот на проектот кој што Рурална Коалиција го спроведува со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија а во кој што се предвидени и одржување на едукативни работилници токму на темата “Како до климатска акција во земјоделството?“

-Ваквите работилници треба да ја зголемат свеста како и нивото на едукација и да ги зајакнат знаењата на земјоделците и локалните здруженија кои што понатаму ќе може стекнатите знаења да ги пренесуваат во локалната заедница од која што доаѓаат, а на таков начин да придонесат кон зајакнување на свеста кај локалното население за потребата од справување со климатските промени
Годишниот план за работа на РК е поддржан со институционален грант во програмата на Civica Mobilitas

Пласманот најголем проблем за земјоделците – истражувачка видео сторија на Рурална Коалиција

Oбјавено на 01.07.2021 година.

Погледнете ја најновата видео истражувачка сторија на Рурална Коалиција изработена како дел од годишниот план за работа на организацијата, а поддржан од Civica Mobilitas.

Во сторијата говориме за најгорливиот проблем со кој што се соочуваат земјоделците секоја сезона кога доаѓа наплив на земјоделските производи, а тоа е откупот и цената, но исто така предлагаме и можни решенија за зголемување на конкурентноста на земјоделските производи чија што важност и неопходност се увиде особено во периодот на Ковид кризата .

Согласно податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал имаме зголемен извоз на свежо овошје и зеленчук и тоа за повеќе од 35% во однос на истиот период минатата година, но тоа се должи пред се на зголемената вредност, односно цена на земјоделските производи како резултат на ефектите од пост-Ковид состојбата кај нас и во светот.

Целта на ваквите видео стории е да се подигне свеста кај пошироката јавност за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство и рурален развој, но и да поттикне активност кај локалната заедница и останатите засегнати страни да придонесат кон надминување на ваквите предизвици преку нивна дкиректна инволвираност во процесите, но и да ја подигнат свеста кај институциите да ги вклучат СИТЕ засегнати страни во процесите на креирање на политики и донесување на јавни одлуки.