Month: June 2021

Наша тезга започнува да ја пишува својата приказна

Oбјавено на 30.06.2021 година.

Наша тезга ќе го прави спојот на локалното производство, ама и на животните приказни на жените производителки во руралните средини.

Наша тезга е замислено навистина да биде нашето локално виртуелно место каде што ќе може да се видат производите, да се дознае приказната за нив, па дури потоа да се купат.

Тоа го направивме и практично со поставувањето на тезгите во општина Неготино каде што се презентираше, прашуваше ама и дегустираше.

Ни следува долго и работно лето за тезгите навистина да ни изгледаат речиси совршено, а за тоа ќе ни биде потребна и Вашата помош.

На линкот подолу може да ја видите првичната верзија на Наша Тезга и да ги дадете Вашите коментари и идеи што би сакале да видите и како според Вас треба да изгледа нашата, а и ваша локална тезга на храна.

Кликнете тука за да го видите пазарот.

Оваа активност е дел од годишниот план за работа на Рурална Коалиција поддржан преку институционален грант на Civica Mobilitas а истата ќе се развива понатаму со средствата добиени од Донаторскиот кружок на Konekt а со студентите од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) кои што ни ја работат платформата не спои Increasing Market Employability – IMEза да го видите пазарот.

ПЛАСМАНОТ НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ – СЕ БАРААТ СОВРЕМЕНИ ОТКУПНИ ЦЕНТРИ

Oбјавено на 28.06.2021 година.

Пласманот и понатаму останува рак рана за земјоделците од земјава. Речиси секоја производствена сезона се соочуваат со несигурен пласман и ниски откупни цени. 

Драги Памуков од струмичко Куклиш со помош на аргати го собираше родот од доматите од ова сезона. Повеќе од еден тон од последната берба. Вели дека прво ќе ги носи дома, а потоа ќе размислува во која откупна фирма ќе ги носи, оти цените секојдневно се менуваат, а ќе провери и рокот за исплата.

Пласманот не го мачи само Памуков. Тоа е најголемиот проблем и за останатите земјоделци од Струмичко. Велат дека ќе работат, ќе се мачат, но кога ќе треба да се предаде произведеното, неизвесност и страв дали прво ќе ги предадат и второ по која цена. 

Од Рурална коалиција велат дека решение за сигурен пласман е изградба на современи откупно дистрибутивни центри. Од таму сметаат дека е потребно изградба и на преработувачки капацитети бидјеки земјава во првиот квартал годинава бележи скок на извозот на свеж зеленчук но и скок на увозот на конзервирани преработки.

Немањето договорено производство, а со тоа и пласман го намали бројот на младите по нивите, а негативно се одрази и врз површинтие кои се обработуваат. 

Во отуство на официјални бројки, доброупатените тврдат дека една четвртина од струмичкото поле стои необработено. Ова го подига алармот дека треба да се подигне степенот на договорено производство и поголема контрола на откупот.

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОКВАЛИТЕТНА ЛОКАЛНА ЗАЕДНИЦА ЗА СИТЕ!

Објавено на 25.06.2021 година

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира локалната заедница овој пат за најмалите членови на заедницата. Имено, во период од 3 месеци активно се работеше на уредување на надворешниот простор за игра на децата од градинката Олга Мицевска во Кичево, а на предлог на неформална група на граѓани која што ја предводеше токму директорот на градинката, г-динот Садик Ахмети. Тој имено напомена дека е повеќе и од важно да се мотивира локалното население и да се активира, а се со цел да придонесе кон зголемување на квалитетот на живот во заедницата затоа што промените треба да дојдат токму од кај нас самите односно граѓаните. Воедно тој ја изрази својата благодарност до Рурална Коалиција и програмата на Цивика Мобилитас за поддршката и придонесот во уредувањето на дворот на градинката со набавка на лизгалка, детски играчки и придонес кон уредување на надворешното окружување во кое што децата ја поминуваат својата игра.

Лилјана Јоноски, пак, извршната директорка на Рурална Коалиција истакна дека ваквите иницијативи на локално ниво ни се и повеќе од потребни затоа што оставаат добар пример, но во исто време и ги мотивира и останатите заедници да се активираат и да придонесат за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница затоа што пак промените се можни само ако самите ги донесеме што е и основното мото на програмата на Цивика Мобилитас, односно “Граѓаните за промена“. Таа додаде дека поддршката исто така и од страна на донаторите во нашата земја е повеќе и од потребна особено кога се прават вакви акции кои што ги поттикнуваат самите граѓани и кога особено се однесуваат за оние на кои што ја оставаме иднината, ама и кои што се обидуваме да ги задржиме во локалната заедница, а тоа се децата.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска

 

Погледнете ги сликите пред да се уреди дворот:

Погледнете ги сликите по уредување на дворот:

Активистички Вовед во ГАП III

Објавено на 24.06.2021 година.

Консултациите со Делегацијата на Европската Унија во Скопје ни се повеќе и од значајни за секоја тема од интерес за граѓанското општество, а се со цел да може да ги слушнат предизвиците со кои што се соочуваат граѓаните во локалната заедница.

Последната таква консултација се однесуваше на предизвиците поврзани со родовата еднаквост и изготвувањето на План за родова акција III на ЕУ (Gender Action Plan III или ГАП III) и национален план за имплементација во организација на Реактор техничка поддршка од Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција (EU TACSO 3) EU TACSO каде што пак Рурална Коалиција ги истакна предизвиците на жените од руралните средини, но и што треба да се превземе како мерки и да влезе во планот за родова акција, а во насока на унапредување на родовата еднаковст и рамноправност во локалната заедница и руралните средини.

Ваквите консултации се од особено значење за граѓанските организации затоа што им се дава можност директно да придонесат во процесите на креирање, но понатаму и во имплементација на стратешките национални и меѓународни документи, а во исто време граѓанските организации стануваат партнер на државата во креирањето на ЕУ политиките 📌Годишниот план за работа на Коалицијата како и градењето на капацитетите за да може активно да се придонесува на ваквите консултации е поддржано од програмата на Civica Mobilitas.