Day: April 12, 2021

Како да се вклучат граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки?

Објавено на 12.04.2021 година.

Како да се вклучат граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки?

Водичот за добри практики на вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки беше главната тема на онлајн презентацијата која што ја организирање Рурална Коалиција и на која што се беа прикажани главните алатки и механизми за вклучување на граѓанските организации и нивен придонес во процесот на креирање на јавните политики од страна на локалните и национални власти.

Беа споделени позитивни меѓутоа и помалку позитивни пракси од процесот на комуницирање особено со претставниците на локалните власти и доставувањето и прифаќањето на иницијативи предложени од страна на граѓанските или локалните grass root организации.

Водичот е изработен на лесен, едноставен и разбирлив јазик за секој, а се со цел да се овозможи негова широка примена. Истиот е изработен во рамките на годишниот план за работа на Рурална Коалиција кој што е поддржан од Civica Mobilitas.

Водичот е достапен на веб сајтот на Коалицијата во делот за публикации. Кликнете тука.

Верувајќи во заедничкото работење и здруженото делување, Рурална Коалиција стана членка на платформата за родова еднаквост.

Објавено на: 12.04.2021 година.

Верувајќи во заедничкото работење и здруженото делување, Рурална Коалиција стана членка на платформата за родова еднаквост.

Размена на искуства, експертиза, знаења, делување на терен ни се и тоа како потребни кога станува збор за унапредување на родовата рамноправност и еднаквост во руралните средини.

Благодарност до можноста да делуваме заеднички за родово-еднакво и родово-сензитивно општество на секоја педа од нашата територија.

Повеќе информации за платформата може да најдете тука.