Day: April 8, 2021

Министерска дебата на тема „Предизвици за родовата рамноправност при донесувањето одлуки“

Објавено на 08.04.2021 година.

Денес со Министеска дебата на тема “Предизвици за родовата рамноправност при донесувањето одлуки” беше затворена кампањата “Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки” во организацијата на Центарот за истражување и креирање политики, Ромска асоцијација за жени и млади – Лулуди, Новинари за човекови права, Рурална Коалиција и ЕЏО – Штип, а финансиски поддржана од Европската Унија. Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на ЕУ ја отвори дебатата.

Говорници на дебатата беа:

Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика Радмила Шеќеринска, Министерка за одбрана Мила Царовска, Министерка за образование и наука Ирена Стефоска, Министерка за култура Зоран Димитровски, Заменик Министер за локална самоуправа.

Жените во Република Северна Македонија треба да имаат еднаков пристап и можности до сите ресурси што ги нуди општеството во кое живееме. Се додека се разговара на оваа тема а не се делува вистински нема да имаме успех и овој родовиот јаз ќе се зголемува. Токму поради тоа Министерството за образование и наука поставува темели за јакнење на свеста за родова еднаквост уште во основното образование на децата.Според Министерката Царовска “Родовата рамноправност не е борба на мажите и жените, напротив, значи живеење и владеење со принцип на еднаквост и само таква држава може да биде силна држава во којашто се искористува целосниот потенцијал којшто таа го има”.

Според Министерката Шахпаска со новиот Закон за родова еднаквост ќе обезбедиме остварување на потполна родова еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општественото живеење.Законот ќе вклучи три нови механизми и тоа: Секретаријатот за родова еднаквост, Ресурсен центар, и Национално координативно тело со кое што по ново ќе претседава министерот за труд и социјална политика со што се подигнува и нивото на влијание и значење.

Според Министерката за одбрана, г-ѓа Шеќеринска, бројот на жените во безбедносните структури е многу мал. Република Северна Македонија, нема жена генерал, но од друга страна трократно е зголемена бројката на жени во одбраната кои имаат чинови.

За практикување на родова еднаквост се залагаат и во Министерството за култура. Според министерката Стефоска во интерната документација во рамките на министерството веќе практикуваат поделба на податоците во однос на родот, и според анализа на тие податоци во иднина ќе се насочат кон креирање на родово сензитивни политики во самото министерство.

Според заменикот министер за култура, евидентирано е зголемување на жените и на градоначалничките позиции. Тој број од 4 премина во 6 жени градоначалнички. Оваа бројка во иднина очекуваат повеќе да се зголемува бидејќи се повеќе се препознаваат лидерските способности на жените како на локално така и на национално ниво, и секако нивна поголема вклученост во Советите на општините.

Проектот “Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спорведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост” го имплементираат Центарот за истражување и креирање политики, Ромската асоцијација за жени и млади – Лулуди, Новинари за човекови права, Рурална Коалиција и ЕХО – Штип.

“Конектирај се” – главна мотивација која ги спои бизнис компаниите со граѓанските организации

Објавено на 08.04.2021 година.

“Конектирај се” – беше главната мотивација која што денес на едно место ги стави бизнис компаниите и граѓанските организации, а во организацијата на Конект, со кои што Рурална Коалиција ја отпочна соработката со бизнис секторот преку Донаторскиот кружок, а ја продолжува и понатаму во истата  насока и во зацврстувањето на релациите со компаниите, што пак за Рурална Коалиција е уште едно ново поглавје кое што Коалицијата ќе го развива во годините на работа кои што претстојат пред нас.

Денес 6 организации, меѓукои што токму и Рурална Коалиција имаа можност да ги презентираат своите идеи и иницијативи во насока на директен придонес кон достигнувањето на Global Goals for Sustainable Development, а преку директна соработка со бизнис компаниите кои што беа и повеќе од заинтересирани за секоја од иницијативите.

Рурална Коалиција придонесува кон остварување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации, особено цел 8: Достоинствена работа за секој и Цел 5: Родова еднаквост, со креирањето на виртуелен рурален женски пазар каде што ќе може да се промовираат и да се продаваат локалните земјоделски производи, но и нивните преработки на еден нов, лесно достапен начин за сите.

Ова е и еден од моделите како ќе се креираат нови работни места и достојни приходи, но и достојна работа за жените од руралните средини кои што беа едни од најпогодените за време на Ковид пандемијата, а имаа најмала поддршка со оглед на тоа што најголемиот дел од нив не се осигурани по ниту еден основ, па се целосно невидливи во системот на државата.

Ваквиот настан е еден од ретките каде што се дава можност за директна соработка со бизнис секторот и вклучување на сите засегнати чинители во достигнувањето целите за одржлив развој.Годишниот план за работа на Руралната Коалиција е поддржан од Civica Mobilitas