Month: March 2021

Дебата со координаторите/ките на комисиите за еднакви можности од 17 општини вклучени во проектот “Низ женски леќи“

Објавено на 24.03.2021 година.

Дел од заклучоците кои што произлегоа од денешната дебата со координаторите и координаторките за еднакви можности од 17-те општини во кои што се спроведува проектот “Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост”:

Потребно е градење на поголема родова сензитивност на сите вработени во општините вклучувајќи ги тука и самите градоначалници и градоначалнички (тоа што во моментов ги имаме само 4 градоначалничќи говори многу за моменталната состојба со родовата еднаквост во нашата држава на локално ниво).

Поголема соработка помеѓу сите вработени во општината повторно вклучувајќи ги и градоначалниците на теми поврзани со родова рамноправност и реалното достигнување на еднаквите можности на мажите и жените во локалната заедница.

Дилема постои околу систематизацијата на местото координатор на еднакви можности.

Ниска вклученост на комисијата и координаторот/координаторката за еднакви можности во процесите на креирање и имплементација на политиките и стратешките документи на општината.

Медиумите повеќе да бидат вклучени во известувањето на работата, но и предизвиците со кои што се соочуваат претседателите/претседателките и членовите на комисиите за еднакви можности во општините..

Родовата анализа на лидерските позиции ги опфати и Општините Старо Нагоричане и Липково

Објавено на 22.03.2021 година.

Родовата анализа на лидерските позиции во 17 општини спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ ги опфати и општините Старо Нагоричане и Липково од Североисточниот плански регион. Каква е состојбата таму може да видите од презентираните инфографици:

 #РодовоОдговорноБуџетирање #ThroughGenderLenses #EУсоТЕБЕ

На 17-ти март, 2021 година, Рурална Коалиција ја организираше првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво во новите простории на центарот за е-поддршка во Кичево

Објавено на 18.03.2021 година.

Во среда, на 17-ти март, 2021 година, Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата и организација која што ќе служи како локален центар за е-поддршка при користење на дигиталните услуги, ја организираше првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво во новите простории на центарот за е-поддршка во Кичево.
На презентацијата и промоцијата на работењето на центарот свое видување и ставови изнесоа и претставниците од локалната самоуправа кои што напоменаа дека треба да се вложува многу за да се достигне повисоко ниво на дигитална писменост, па и креирање на локални дигитални услуги, затоа што сеуште дури и вработените во самите општини повеќе преферираат комуникација во хартиена форма отколку електронски.
Од подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од Агенција за поддршка на развојот во земјоделството се согласија дека ваквата поддршка на локално ниво е повеќе и од добредојдена особено во периодот на објавување на повиците за финансиска поддршка во рамките на националната програма за рурален развој или пак ИПАРД. Исто така беше напоменато дека само со директен придонес и на граѓанскиот сектор ќе може да се забрзаат процесите и да се овозможи зголемена искористеност на е-услугите.
Рурална Коалиција во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА“ во наредните 15 месеци ќе работи на подигнување на дигиталната писменост во локалната заедница, а се со цел да ја зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот особено во делот на електронската комуникација и електронското издавање на документи.
Гужвите пред шалтерите, збунетите граѓани, одењето од институција во институција, од шалтер на шалтер, доаѓањето во град од селата само за еден документ ќе се намалат само доколку локалното население биде запознаено но и едуцирано за можностите и начините за добивање на е-услугите, а со самото тоа пак ќе се придонесе директно кон остварувањето на Дигиталната агенда на нашата држава.
 
 Рурална Коалиција е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата за “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, а го спроведуваф фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), ODK – Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија), HBO 35мм (Црна Гора) и Levizja Mjaft! (Албанија).

Рурална женска мартовска кампања заврши со руралните женски средби во Југоисточниот и Источниот плански регион

Објавено на 14.03.2021 година.

Кампањата “Од жена за Жена” која што посети повеќе од 30 населени места и на дистанца се сретна со повеќе од 100 жени промовирајќи го традиционалното производство на храна, како и рачните изработки на жените од руралните средини заврши во руралните женски средби во Струмица и Радовиш како и околните села кои гравитираат кон овие градски средини. На средбите со жените беа поделени промотивни материјали, но и рачни традиционални преработки на храна, како и изработени кукли од волна од западниот дел на нашата држава, а се со цел жените да имаат можност да видат што се работи во другите региони и да се поддржат едни со други, а во насока на нивно економско јакнење и излез од кризата која што ја предизвика и Ковид пандемијата.

Погледнете повеќе на овој линк.