Дигитална агенда, но и достапноста на е-услугите во руралните средини ќе биде една од темите на кои што ќе работи Рурална Коалиција во наредните 18 месеци.

Објавено на 1.18.2021

Проектот Дигитализација во земјделството – СЕГА! ќе се реализира 18 месеци на територијата на 5 општини и тоа:

Кривогаштани,Старо Нагоричане,Врапчиште,Кичево и Струмица. Истиот ќе има за цел да се зголеми довербата на електронското издавање на докуемтни од страна на институциите,  но исто така и да се зголеми нивото на дигиталната писменост кај локалното население.

Исто така ќе биде отворен и локале центар за е-поддршка во Кичево кој што пак директно ќе нуди поддршка за граѓаните да може полесно да ги добијат услугите по електронски пат и на таков начин да се скратат гужвите пред шалтерите на институциите.

Рурална Коалиција е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата ICEDA – Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda и која што во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку кој што ќе им помогне на земјоделците и руралното население воошто во користењето на е-услугите, но и зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво. Вакви активности освен во Северна Македонија во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албанија,Косово,Црна Гора и Србија, а во рамките на проектот  “Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” која што го спроведува Metamorphosis Foundation  ( Северна Македонија ), Академија за е-владеење ( Естонија), Levizja Mjfat!(Албанија), ЦРТА -Центар за истражување,транспарентност и отчетност ( Србија), НВО 35мм ( Црна Гора) и ODK – Отворени податоци Косово (Косово).Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.