Денес започнуваме со ново поглавје во нашата работа

Објавено на 12.23.2020

Денес за прв пат дониравме… Денес за прв пат внесовме нов дел во нашето работење, а тоа е поддршката на оние на кои што им е најпотребно… И тоа со што? Со она за кое што ние постојано се залагаме и вложуваме, а за кое што се покажа како клучно во време на криза.А тоа е домашното локално производство на храна.А како да ги поддржиме домашните земјоделски производители ако не со нивна промоција и тоа кај кого, кај најмалите и најмилите, за да знаат дека пакетчињата може да бидат и поинакви и тоа полни со здравје! И во овој потфат не сме сами, па така пакетчињата ни ги направија од Добра Земја – задруга за органска храна  а ги доделивме на  ONE CAN за да ги дадат на дечињата од еднородителски семејства.И ништо од ова не би било вака ако ја немавме поддршката од Civica Mobilitas  па уште еднаш по кој знае кој пат се докажа дека институционалната поддршка е клучна за развојот на секоја граѓанска организација. Рурална Коалиција и One can – Една може! се институционалните грантисти во програмата на Civica Mobilitas.