Month: December 2020

Aко претходно ги прашувавме купувачите за е-пазарот,сега се на ред производителите

Ако претходно ги прашувавме купувачите како треба да изгледа еден е-пазар според нив и што е она што најмногу на една електронска платформа ќе им го привлече вниманието за да купат земјоделски производи,сега се вртиме кон другата страна, односно ги прашуваме и производителите. Како треба да изгледа еден е-пазар и што треба да се направи за да биде колку што е можно поблиску до купувачите?

За таа цел,ќе ве замолиме да издвоите 5 минути од Вашето драгоцено време како производители на храна и да ни го одговорите прашалникот. На таков начин придонесуваат кон креирањето на еден нов виртуелен пазар согласно потребите и на продавачите, но и на купувачите.

Полека но сигурно се крчка првиот локален женски е-пазар… а токму тоа е иницијативата која што вечерва ќе биде промовирана на донаторскиот кружок во организација на Конект.

Линкот за прашалникот го имате тука .

Додека пак линкот за регистрација на донаторскиот кружок за вечер го имате тука .

Заедно да придонесеме кон одржливо локално производство на храна и одржливи локални заедници!

Годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан во рамките на програмата на Civica Mobilitas

Како според Вас треба да изгледа еден локален е-пазар на земjоделски производи?

Што најмногу ќе Ви привлече внимание за да купите еден производ?Дали е тоа пакувањето,дали е регионот каде што се произведува,дали е личната приказна на производителот или пак е нешто сосема друго?

За да го дознаеме Вашиот одговор, а и да ни дадете насока како истата да ја креираме,а да биде корисна за сите нас, секој од нас е како купувач поканет да ја пополни анкетата која што е достапна на следниот линк ! 

Секој одговор ни значи! 

Истражувањето и платформата се дел од годишната програма за работа на Руралната Коалиција, а финансиски поддржана од Civica Mobilitas .

Добрата страна е што за прв пат се споменува еднакви можности,иако родовата еднаквост не беше спомената во експозето на Министерот

Објавено на: 12.16.2020

Услугите кои се даваат во руралните средини беа во наш фокус, па за поздравување е што има 500 милиони денари за рурални амбуланти.Во однос на рурален развој за техничка помош имаме зголемување на средства, за услуги, и договори, но немаме доволно средства за услуги за згрижување на деца и зголемување на квалитет на живот во руралните средини.
Коментар на извршната директорка на Рурална Коалиција, а по проследеното експозе на министерот за финансии, г-динот Фатмир Бесими за Буџетот за 2021 година.
После ваква криза треба да се размисли, освен фискална консолидација потребно ни е закрепување.Она што го видовме од експозето на Министерот за финансии не забележуваме дека анализа е направена и приоритезирани сектори и мерките на интервенција во 2021.
Сликата покажува дека Буџетот 2021 (десна страна) не е многу различен освен во одбрана и јавни служби со ребалансираниот Буџет за 2020 година (лева страна).Оттука Буџетот 2021 не нуди нов пристап.Коментарот на Кристијан Алексоски од Center for Research and Policy Making .

Буџетот не е пристапен за сите граѓани, а не е ни презентиран во форма пристапна з а лица со хендикеп.Бидејќи анализите ни покажаа дека кризата различно на сите граѓани, овој буџет немаше интерсекциски пристап и не одговара на ранливоста на различните групи, особено лицата со хендикеп.Коментар на Елена Кочоска од Полио Плус – движење против хендикеп .

Поддржано од: Austrian Development Agency i SIDA – Styrelsen for Internationellt Utvecklingssamarbete.

Препознавање на потенцијалот за женско претприемништво во руралните средини

“Жените се невидливата нишка во заедницата која што ги поврзува сите чинители во руралната заедница и во исто време ја прави истата одржлива” – беа воведните зборови со кои што Марина Тошеска ја отвори денешната панел дискусија за потенцијалот на женското претприемништо во руралните средини.Жените треба да се поддржуваат и меѓусебно, но и од страна на мажите, како и останатите чинители во заедницата за да може да остварат и негуваат социјално и економско добро кое што ќе биде од интерес за целата рурална заедница.

Прочитај повеќе