Month: January 2020

Европските интеграции во Североисточниот плански регион: Рурален развој – урбани перспективи

Рурална Коалициjа во соработка со Европското движење во Република Северна Македонија (ЕДРМ) во партнерство со Општината Куманово, како и граѓанските здруженија АЛДА-Скопје и ЗФР – Велес иницираше панел дискусиjа на тема: Европските интеграции во Североисточниот плански регион: Рурален развој – урбани перспективи

На самата дискусиjа свое учество зедоа претставници од општина Куманово, претставници на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство, професори од Факултетот за земjоделски науки и храна, како и претставници на граѓанскиот сектор од Североисточниот плански регион, а се со цел секоj од своj аспект и своjа гледна преспектива ги доближи ЕУ интеграциите, но и ги утврди насоките за забрзан, но и одржлив развоj на руралните средини. Предизвиците се се поголеми за да се достигне, но и одржи руралниот развоj, а конкурентноста и популациjата во руралните средини се помала и помала.

Сесијата ја отвори Саша Арсиќ од Рурална Коалиција, кој воедно и беше модератор на панел дискусијата. Во своето излагање, Арсиќ ја презентираше темата и говорниците кои беа дел од овој настан.

Александар Антевски, раководител на одделението за програмирање во ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја презентираше ИПАРД програмата, на која тој работи. ИПАРД всушност представува Инструмент за предпристапна помош на Европската Унија. Антевски истакна дека оваа мерка е исклучително успешна и минатата година имала целосна искористеност на средствата.

Проф. Ордан Чукалиев истакна неколку проблеми кои според него се особено важни за земјоделството. Како клучен проблем го наведе образованието. Дури и во рамките на високото образование, насоченоста е пред се кон продавање теорија и предавање на методи кои можеби се застарени. Понатаму продолжи дека проблем е тоа што знаењата и информациите кои ги засегаат земјоделците не им се достапни. Чукалиев посочи дека треба да се развиваат начини со помош на технологијата да им се приближат информациите на земјоделците кои би им помогнале полесно и подобро да работат. Тој посочи уште еден пример за тоа како би можело да се оствари ова, а тоа е преку изготвување на информативни материјали кои би биле кратки, јасни и лесно применливи од страна на земјоделците. Како проблем кој во последно време е евидентен во сите сфери во нашата држава, а токму земјоделството е особено засегнато од ова, е отселувањето на младите и недостигот на работна сила. Се помалку луѓе остануваат и сакаат да работат во областа на земјоделството.

Маја Петровска, од Општината Куманово истакна дека Општината работи на доближување на ЕУ поблиску до граѓаните и преку ЕУ Инфо центарот нудат информации за сите можности кои ги нуди Европската Унија во програмите за предпристапна помош.

Проф. Милева Ѓуровска ги повика земјоделците поактивно да се вклучат во изготвувањето на политиките, пред се поради тоа што, токму тие се оние кои ќе треба да ги спроведуваат стандардите кои ги налага Европската Унија. Поради оваа причина тие треба добро да ги знаат и разбираат за да можат и да ги применуваат истите.  Ѓуровска ја потенцираше потребата од здружување на земјоделците, затоа што обединети можат да направат повеќе во однос на подобрување на нивната состојба.

Во текот на дискусијата која следеше, беа идентификувани некои од проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Образованието и недоволниот пристап до знаења и информации остана како една од најсуштинските проблеми. Конкретно, во Куманово постои Земјоделско училиште во кое од година во година се намалува бројот на запишани ученици, а со тоа се намалува и бројот на лица кои би можеле да бидат стручни во области поврзани со земјоделството. Се побара решение за тоа како да се мотивираат учениците да се запишуваат во ова училиште, па и на Земјоделскиот факултет, притоа како примери се наведоа стипендии за студии или пак да им се даде можност да им се додели земја на која ќе треба да работат или пак која ќе можат да ја откупат за да ја обработуваат. Втор проблем кој беше потврден од страна на земјоделците, е тоа дека се поголем број на млади заминуваат па нема кој да работи на земјата, а тука се поврзува и проблемот на тоа што нема ни кој да го наследи овој бизнис во рамките на фамилијата. Дел од присутните истакнаа дека се соочуваат со административни потешкотии и трошат многу време работејќи административни задачи наместо да работат на нивите. На ова се надоврзува и тоа што не се економисти или пак правници па некогаш се прават грешки кои би можеле многу да ги чинат. Тие исто така побараа да постои гаранција за откуп како и функционирање на откупните центри. За да можат да си обезбедат достојна егзистенција, оние кои што живеат во руралните средини треба да си имаат и друга работа освен земјоделството. Присутните земјоделци се согласија дека тие многу вложуваат, но добивка од тоа нема. Како причина за тоа се наведе токму отсуството на знаење кое се потврди како основен проблем на чие решение мора да се работи.

Завршна конференциjа “Локалната демократиjа – идеал или практика”

Дали локалната демократија е сеуште тешко достижен идеал или пак може да говориме за реално практикување на истата во општините? – беше главното прашање на кое што се дискутираше на денешната завршна конференција на проектот Граѓанските организации во служба на локалната демократија каде што една од говорничките беше и извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, презентирајќи ги искуствата, впечатоците и добрите развиени практики за локална демократија добиени преку спроведувањето на проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој” каде што партнер во имплементацијата беше општината Старо Нагоричане.

Конференциjата заврши со потпишување на меморандум за соработка за Мрежа за локална демократија коj што пак меморандум ги отвора новите можности за соработка на граѓанските организации во служба на локалната демократија. Рурална Коалиција дел од организациите-потписнички која што ќе биде вклучена во процесите и активностите кои што ќе следуваат во наредниот период а во насока на практикување на демократијата на локално ниво.

Рурална Коалиција ја одржа изборната седница на Собранието

текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст

I текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст

текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст

текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст .

текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст текст

Овде некој текст

Живка Ѓурчиновска, добитник на признанието за Жена Земјоделка на годината