📌Шалтерскиот начин на прибавување документи потребни за барање на финансиска поддршка од програмата ИПАРД 2014-2020 повторно ги принуди земјоделците да чекаат во редици пред институциите и општините.
❓Зошто нема мобилизација за помош на земјоделците кои прв пат се регистрираат на порталот Uslugi.gov.mk и имаат само основно ниво на идентификација, односно за нив електронските услуги се практично недостапни?
❓Зошто граѓаните се уште мора да доставуваат документи кои институциите може да ги прибават од други институции по службена должност?
❓Зошто нема финансиска поддршка за електронски сертификати за пристап до електронските услуги за правни лица?
Зошто општините и локалните јавни претпријатија не се модернизираат за издавање на потребните документи за постапките кои се најпотребни за граѓаните?
❓Зошто во најмала рака општините и локалните јавни претпријатија не ги унифицираат обрасците за своите услуги?
✅Препорачуваме:
Сите потврди од постоечки регистри да се издаваат 💻електронски!
Сите барања за услуги за кои има голема побарувачка од граѓаните да се поднесуваат 💻електронски!
❗️Институциите по службена должност да прибавуваат документи и податоци од други институции!
❗️Државата да го поддржи користењето електронски услуги преку субвенционирање на електронски сертификати!
❗️Општините да ги поедностават и унифицираат постапките и обрасците за што повеќе услуги!
Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management
Rural Coalition – Рурална Коалиција
Програмата Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието е финансирана од 🇪🇺Европската Унија