Средба на работната група за родова еднаквост и економско јакнење на жените од руралните средини

14 окт 2020 година

Одржана средба на работната група за родова еднаквост и економско јакнење на жените од руралните средини

Ова е период кога во секторот земјоделство и рурален развој се случуваат доста значајни процеси кои што меѓудругото задолжително треба да бидат разгледани и од родова перспектива. Започнува да се работи на новата стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027, се изготвува и новата Национална стратегија за родова еднаквост, па истите претставуваат едни од најважните документи кои што треба да ги одредат насоките за унапредување на родовата еднаквост и во руралните средини. Унапредувањето на препораките за положбата на жените во руралните средини, предизвиците со имплементацијата на мерката 115, креирање на акциски план за 2021 година беа дел од темите на кои што денес дискутираа членовите на групата за родова еднаквост и економско јакнење на жените во руралните средини креирана во рамките на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка на UN Women Skopje Работата на групата со своја директна поддршка и присуство на истата ја поздрави и самиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство г-динот Arjanit Hoxha

Воедно денес работната група повторно го потенцираше значењето на жената во руралната средина, како и потребата од нејзино економско зајакнување а при тоа со ваквата своја работа всушност и го одбележа и му даде значење на Меѓународниот ден на руралната жена кој што сите ние ќе го славиме токму утре на 15-ти октомври! #BeAccountable