Рурална Коалиција ја започнува кампањата “Месец на родова рамноправност во донесувањето на одлуки”

Објавено на 08.03.2021година.

Рурална Коалиција заедно со проектните партнери Center for Research and Policy Making Journalists for human rights – JHR, Luludi Nvo и EcHO Educational Humanitarian Organization во рамките на проектот “Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост”, финансиран од Европската Унија, официјално ја започнува кампањата “Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки”.

На локално ниво се приклучуваме кон одбележување на 8-ми март – Денот на борбата за женски права, а под глобалната тема: “Жени во лидерство:остварување на еднаква иднина во свет на ковид-19”.Целта на кампањата е да се подигне свеста за потребата од подобрување на родовата рамноправност на локално ниво и важноста на родово одговорното буџетирање за постигнување на родова рамноправност.

Спроведовме родова анализа на општинските програми и лидерските позиции во 17 општини, а добиените резултати, во текот на целиот месец март, ќе ги споделуваме на нашите социјални мрежи. Дополнително во рамките на кампањата ќе одржиме онлајн средба со локалните медиуми, дебата со локалните координатори за еднакви можности и дебата со релевантните Министри. Следете не!