12.10.2020 година
Рурална Коалиција дел од регионалниот Agricultural Policy Forum
Оваа работна недела ја почнуваме со придонесот кон креирање на политиките во земјоделството и руралниот развој особено во делот на давање на што е можно попрецизни, поконцизни и поспецифични препораки кога станува збор за пост-Ковид ситуацијата, но и во која насока може да го планираме и гледаме земјоделството, руралниот развој и производството на храна, но и како преку регионална соработка да придонесеме кон создавање на решенија кои што ќе водат кон одржливи рурални заедници. Тоа ни го овозможува Agricultural Policy Forum #APF2020 во организација на Swg Secretariat
Дополнително, оваа недела ќе ја бележиме и како Глобална недела на отчетноста 2020 година, па сите објави оваа недела дополнително ќе го имаат и хаштагот #BeAccountable