Рурална Коалиција го даде својот придонес кој е насочен кон справувањето и ублажувањето на ефектите од климатските промени

Објавено на 21.04.2021 година.

Вториот настан на кој што денес Рурална Коалиција го даде својот придонес е насочен кон справувањето и ублажувањето на ефектите од климатските промени и тоа токму во секторите кои што се поврзани со животната средина, а меѓу кои што спаѓа исто така и земјоделството.

Програмската соработничка на Рурална Коалиција, Елизабета Р. Мрческа, денес на обуката “Поврзани сектори со климатски промени – Земјоделство/шумарство/сточарство“ во организација на “MilieuKontakt Macedonia” говореше на тема “Како и колку ќе се преструктурира земјоделскиот сектор како резултат на прилагодување на климатските промени “, при што би напоменале само неколку предизвици со кој што се соочува овој сектор и тоа:

-Ниска свест за придонесот на земјоделско производство во загадување на животната средина;

-Недоволно едукација, но и информација за климатските промени и нивните ефекти како врз земјоделското производство така и врз животната средина и квалитетот на живот во руралните средини;

-Сеуште глобален и генерален пристап на темата 

-Недоволна вклученост на локалното население во процесите на креирање на политики и донесување на законски решенија, се помалку од друга страна имаме вода, имаме загаден воздух и почва, имаме намалено, неконкурентно и премногу осетливо локално производство на храна итн..