Рурална Коалиција ги претстави своите активности, но и упати порака за поддршка на локалното производство на храна на Денот на граѓанските организации 2020

17.10.2020 година

Рурална Коалиција ги претстави своите активности, но и упати порака за поддршка на локалното производство на храна на Денот на граѓанските организации 2020

 Знаеме ли дали доматот е овошје или зеленчук? По што ли ни е препознатлива нашата земја кога станува збор за руралниот развој? А кое локално овошје ни го носи називот “чачанска лепотица”? Ова се само дел од прашањата чии што одговори можевте да ги слушнете на штандот на Рурална Коалиција, а во рамките на Денот на граѓанските организации кој што денес се одржува во градскиот парк Школка, во Скопје, а во организација на Civica Mobilitas

Рурална Коалиција е институционален грантист во рамките на програмата на Цивика мобилитас, а оваа година на Денот на граѓанските организации Коалицијата акцентот го става локалното производство и храна со цел да ги поддржиме локалните производители на храна кои што особено беа погодени за време на Ковид пандемијата.