Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница

Во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница” коj што Рурална Коалициjа го спроведува во партнерство со здружението на жени Моjа Фарма, се спроведува истражувањето за економските предизвици со кои што се соочуваат жените од руралните средини, како и нивната погоденост од пандемиjата предизвикана од #Covid 19 меѓутоа гледано до економски аспект. Доколку сте жена и доколку доаѓате од рурална средина од Полошкиот или Североисточниот плански регион каде што се спроведува истражувањето би Ве замолиле да одвоите дел од Вашето време и да го пополните прашалникот особено во делот на Ваши препораки и предлози за економско jакнење на жената во руралната средина. Прашалникот е достапен на следниот линк: