Институционална поддршка и организациски развој – програма Цивика Мобилитас

Статус: Во тек

Период на имплементациjа:01 jули 2020 – 01 јули 2022

Рурална Коалициjа во наредните две години ќе ги jакне своите институционални и организациски капацитети со поддршка на програмата на Цивика Мобилитас. Ќе делува во сите четири области на кои што се темели програмата на Цивика Мобилитас

  • Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанското општество
  • Граѓански ангажман
  • Соработка и
  • Граѓанско учество

И со своите активности во секоjа од обласите ќе придонесе кон остварување на позитивни промени кон граѓаните во заедницата.

Пооделно за целите, резултатите и активностите во секоjа од областите прочитаjте тука:



Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница

Статус: Во тек

Период на имплементациjа: jуни – ноември 2020

Проектот започнува со мапирање и идентификување на економските предизвици со кои што се соочуваат жените во руралните средини како и последиците кои што ги трпат поради кризата предизвикана од Корона вирусот. Мапирањето ќе се спроведува во два плански региони каде што делуваат партнер организациите, односно Полошки и Североисточен плански регион, а ќе се направи и десктоп анализа на економската погоденост на жените од руралните средини, како од кризата, така и колку е застапена финансиската поддршка каj жените носителки на семеjните земjоделски стопанства со фокус на мерката 115 коjа што за прв пат беше обjавена благодарение на групата за родова еднаквост на МЗШВ во коjа што членува и Рурална Коалициjа, а беше промовирана од претставниците на Министерството на завршниот настан на проектот од претходната грантова шема на Мрежата за рурален развоj. Изготвената анализа и сумираните теренски податоци ќе бидат преточени во документ за jавна политика чии што предлози, мерки и барања ќе се провлекуваат низ целиот проект. За да се зголеми пак видливоста на економските предизвици со кои што се соочуваат жените ќе бидат организирани 2 jавни настани и тоа: дисеминациjа на резултатите низ електронските, ТВ и социjалните медиуми, како и физичка дистрибуциjа на предвидените промотивни материjали, но и изработка на истражувачка новинарска видео сториjа со опфаќање на сите локални чинители во процесот, при што е предвидено истата да биде обjавена на еден национален и 2 локални медиуми како би бил видлив и препознатлив економскиот родов jаз во руралните средини каj пошироката jавност. Но како да се помогне за истиот да се надмине коj што пак како jаз особено се продлабочи со кризата предизвикана од Корона вирусот? Имено, наjпрво ќе се организира обука на тема застапување на економските приоритети и потреби на жената од руралната средина, за потоа пак да се премине на изготвување на практичен водич коj што ќе им jа олесни продажбата од куќен праг на жените од руралните средини согласно новите правилници. За да што повеќе жени се запознаат со новите правила за продажба од дома и со содржината на самиот водич ќе се организираат минимим 2 студиски кружоци за да се дисеминира знаењето и да им се помогне на што повеќе жени во надминувањето на економската криза во однос на продажбата на нивното производство. Како завршен настан е организирање на посета на Министерството за земjоделство каде што жените ќе може да се запознаат со процесите на креирање на политики и донесување на одлуки, но и да ги пренесат своите предлози и мерки кои што треба да го унапредат практикувањето на родовата еднаквост во сите мерки и политики на Министерството, како и да го зголемат влиjанието врз процесите на донесување на одлуки што пак е и општата цел предвидена за достигнување во рамките на проектот



Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина

Статус: Во тек

Период на имплементациjа: 22 април 2020 – 22 jули 2020

Акциjата е насочена кон руралните средини во Куманово и Кумановско кои што во моментов се наjпогодени од вирусната инфекциjа, па трпението се губи до тоj степен што дури се користи и говор на омраза кон луѓето кои што доаѓаат од селата во градовите како главни виновници зошто го донеле вирусот во градот. Жените од руралните средини се маргинализирани многу повеќе од претходно, па практично се задушуваат од обврски и притисоци, па токму поради тоа ќе се делува во неколку рурални средини преку психолошка поддршка коjа што ќе дисеминираат самите жени и ќе имаат придобивка од истата. 10 села и рурални области ќе бидат опфатени директно со акциjата, но и пошироката jавност преку распространување на видео пораките



Преку регулирана транспарентност и отчетност до партиципативна и одржлива Рурална Коалициjа

Статус: Во тек

Период на имплементациjа: 01 март 2020 – 31 август 2020

Коалицијата има потреба од регулирање и унпаредување на транспарентноста, отчетноста, одговорноста на самата Коалиција на еден канализиран и документиран начин, а се со цел практиките кои што ги има и досега во овој сегмент да ги направи формални, но истите и да ги унапреди за да практикува редовни форми на комуникација, како во рамките на Коалицијата кон членките, така и кон надвор кон целната група и пошироката јавност. Чувството на сопственост кое што треба да го има секоја организација кон Коалицијата сеуште не е доволно развиено, па затоа често пати се соочуваме и со пасивност кај членките, па потребни ни се алатки и механизми како да ги вклучиме во секојдневното работење на Коалицијата. 2020 година ни истекува стратегијата на организацијата која што ќе треба да претрпи ревизија и значајни промени при изработката на нова, па самата ревизија на истата како една од активностите предвидени во рамките на овој предлог проект ни е и тоа како потребна. Зголемување на препознатливоста на она што го работи Коалицијата и како да го постигнеме тоа ни претставува уште една потреба која што ќе биде тагирана во рамките на проектот.

Проектот е финансиран од Европската Униjа

Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

fondacija1

Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини

Статус: Во тек

Период на имплементациjа: 01 ноември 2019 – 30 jуни 2020

Проектот е еден од ретките коj што дава една поинаква димензиjа и перцепциjа воопшто за земjоделците и руралното население, а особено за жените од руралните средини кои што поради владеењето на традиционалните бариери често пати немаат ниту основни информации за она што се случува како процес во државата, а уште пак помалку да го практикуваат тоа што како право им следува. Често пати не се ни реагира на мерки или одредени активности или однесувања во општеството затоа што не се ни препознаени дека се дискриминаторски поради немање на  информациjа или познавање на темата. За прв пат ќе се прашаат жените од руралните средини и за своите ставови и позиции за ЕУ интеграциjата на нашата земjа, но во домен коj што се однесува токму на нивните права и колку истите ги уживаат, а нема да биде поврзано само со она што го работат на нива или на поле. На таков начин жителите на руралните средини ќе добиjат една поинаква перцепциjа и разбирање на ЕУ интеграциските процеси, односно дека истите започнуваат од практикувањето на основните човекови права кои што треба да бидат исти и да важат за сите, односно како да се подобри нивната социjална и економска положба како идни граѓани на ЕУ, а во рамките на Поглавjето 23 – Правосудство и темелни права, па дури потоа да се разговара конкретно за она што го работат како деjност.

transparentnost_mk
hbo_infocentar

Државното земјоделско земјиште – во рацете на моќните олигарси или кај вистинските земјоделци

Период на спроведување: jули – декември 2019

Над 7 илјади договори за распределба на државно земјоделско земјиште се склучени во последните 12 години.[1] Но тука се поставува прашањето кој, како, по кој основ го добива земјоделското земјиште, но и дали истото се користи за намената за која е предвидено? Колку се транспаретни постапките за доделување на земјоделското земјиште, колку истите им се познати на земјоделците? Дали во комисиите за доделување на земјоделско земјиште има и членови земјоделци? Дали земјоделците доколку забележат појави за корупција знаат како и каде да пријават? Дали го прават тоа? Ова се само дел од прашањата на кои што за жал најголемиот број на граѓани, а особено земјоделците како целна група го немаат одговорот. Токму тука се јавува и потребата од овој проект, односно да се добијат точните информации како една постапка за доделување на земјоделско земјиште се одвива, каде се јавуваат тесните грла или gap – ови кои што ја даваат можноста за корупција, колкава е транспарентноста на огласите кои што се објавуваат, кој ја сочинува комисијата за доделување на земјиштето, колку тоа им е познато на земјоделците, како и каде може да ги пријават обидите за корупција итн.

[1] Официјални податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, www.mzsv.gov.mk

donator_rdnrm
donator_we_effect

Активни жени во руралните средини – активно придонесуваат кон развојот на локалната заедница

Период на спроведување: jуни – ноември 2019

Проектот ја третира темата на родова еднаквост во рураланите средини, но е насочен кон економската активност на жените и како да се поттикнат истите што е можно повеќе да се активираат на локално ниво, како во процесите на донесување на одлуки, така и во делот на отпочнување или развој на агро-бизнисот во семејното земјоделско стопанство. Фактот дека само 5-6% имаат имот или обработливо земјиште на свое име или дека во најголем број на случаеви се оддалечени по 10 и повеќе километри од услугите (социјални, економски, градинки итн.) се доволно алармантни податоци за да се зголеми обемот на активности кој што го има во руралните средини, а кој што ги опфаќа и жените. Тие се тука, присутни, придонесуваат за развојот на заедницата, но нивниот труд и заложба сеуште не е доволно видлив, а за да стане препознатлив потребно е што е можно поголемо активирање на жените во локалната заедница.