Презентација за работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Објавено на 14.04.2021 година.

На поседната презентација за работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор беа покренати прашањата околу достапноста на информациите меѓутоа и препознавањето на Советот за соработка како тело односно како алатка и механизам за комуницирање со институциите и Владата и реализација на заложбите на граѓанските организации.

Тоа се доказа и со интересот за новиот повик за членови во Советот, каде што вкупно се доставиле 26 апликации, а само 2 во секторот земјоделство и рурален развој.

На оваа презентација на работата на Советот се отвори и прашањето за степенот на реализација на постоечката стратегија за соработка на граѓанскиот сектор со Владата, но и дали е веќе отпочнат процесот на изработка на новата стреатегија со оглед на тоа што постоечката е за период 2018-2020 година.

ова во исто време ни дава сигнал дека и самите граѓански организации треба да го потткинат и отворат процесот на изработка на новата стратегија, но и да го зголемат бројот на информации кои што ќе ги споделуваат со своето членство на оваа тема особено на локално ниво.

Рурална Коалиција на својата веб страна има посебен таб за Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор со цел да го зголеми информирањето на работата за Советот, а во таа насокасе и ваквите презентации како дел од годишниот план на Коалицијата поддржан од Civica Mobilitas.