Одржана работна средба со заменик министерот за земјоделство, г-динот Трајан Димковски

Почитувани колеги,

 

 

На 06.11.2020 година во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работна средба со заменик министерот за земјоделство, г-динот Трајан Димковски. На средбата претставници на Рурална Коалиција и Моја Фарма преку неформалното рурално женско лоби му ги презентираа и предадоа препораките за унапредување на економската активност на жените во руралните средини преку внесување на конкретни мерки и активности наменети за активните женски членови, но и унапредување на мерката 115 повторно во интерес на економското јакнење.

Од страна пак на Министерството беше презентиран процесот на креирање на политики и донесување на јавни одлуки чекор по чекор, а се со цел граѓанските организации и индивидуалните земјоделци да имаат јасна слика за секоја фаза од процесот, но и за тоа кога и како може да се вклучат и да придонесат до свои предлози кон квалитетно креирање на политиките и во насока на создавање на одржливи рурални заедници. 

 

Во прилог имате фотографии од настанот.