Одбележан меѓународниот ден на жената од руралната средина – 15 октомври

15 окт 2020 година

Одбележан меѓународниот ден на жената од руралната средина – 15 октомври

Меѓународниот ден на жената од руралната средина е еден од деновите кои што го слават успехот на жената од руралната средина, но и нејзината клучна улога во заедницата. Токму во таа насока и токму денес Рурална Коалиција ја објавува видео истражувачката сторија во која што самите жени од руралните средини говорат за предизвиците со кои што се соочуваат секојдневно, но во исто време говорат и за решенијата и активностите кои што е потребно да се превземат за да се унапреди практикувањето на родовата еднаквост во руралните средини. Погледнете ги животните приказни на линкот подолу и споделете ги со нас и Вие Вашите животни приказни, но и предлози и решенија како побрзо до родова еднаквост и рамноправност во руралните средини. Сторијата е достапна на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=YbnpgMJWGK4

Сторијата е изработена во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница” кој што е финансиран како под-грант во рамките на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од

Rural Development Network of the Republic of Macedonia, а финансиран од

We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (СИДА)