Кога сме на темата женско претприемништво сеуште жените се соочуваат со општествени бариери, сеуште е потребно зајакнување на свеста, сеуште говориме за поделба по етничка, традиционалните стереотипи ја играат ГЛАВНАТА улога

Oбјавено на 21.04.2021 година.

Кога сме на темата женско претприемништво сеуште жените се соочуваат со општествени бариери, сеуште е потребно зајакнување на свеста, сеуште говориме за поделба по етничка, верска основа, сеуште се потребни информации, сеуште местото на живеење, поддршката од семејството, традиционалните стереотипи ја играат ГЛАВНАТА улога.

И тоа го покажуваат истражувањата на Рурална Коалиција, кои денес беа споделени од извршната директорка Лилјана К. Јоноски, слични искуства од практична перспектива ги сподели и Mersiha Smailovic, а тоа го говори и последното истражување на Stella Network кое што беше презентирано денес на настанот “Претприемачки во Северна Македонија: перцепции и пречки” а во рамките на проектот “Заедно се издигнуваме – Со претприемачки кон јакнење на руралните заедници ” што пак само ни ги отвора можности за взаемна соработка и заедничко делување за економско јакнење на жените од руралните средини.
Истражувањето е достапно на три јазици (македонски,англиски и албански) на следниот линк.