Кампања за запознавање на локалната заедница со потребите и барањата на жените од руралните средини

23 окт 2020

Кампања за запознавање на локалната заедница со потребите и барањата на жените од руралните средини

На жената од руралната средина потребен и е подобрен пристап до информации како и зголемување на дигиталната и информациска писменост која што пак како потреба се наметна со новиот начин на делување во услови на кризата предизвикана од Корона вирусот. Исто така, родовоодговорните буџети, како и родовосензитивни показатели и цели при креирањето на политиките како на локално така и на национално ниво се едни од основните барања на овие жени кои што ќе ја зајакнат нивната социоекономска инклузија во заедницата. И понатаму продолжува кампањата за презентирање на барањата и потребите на жените од руралните средини, а се со цел подигнување на свеста како кај локалната заедница, така и кај креаторите на политики за потребата од вклучување на жената од руралната средина во сите процеси подеднакво како и мажите во секторот земјоделство и рурален развој. Кампањата за запознавање на локалната заедница со потребите и барањата на жените во руралните средини е дел од проектотРодовата еднаквостклуч за економски силна рурална заедница“ e финансиран како подгрант во рамките на проектотГрадење на капацитетите на МРР и нејзините членкиспроведуван од

Rural Development Network of the Republic of Macedonia, а финансиран од We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (Сида)