Кампањата “Различни пакетчиња за различна нова година” со која што се промовира локалното производство на здрава храна за прв пат влезе и во градинките

Градинката “Олга Мицеска” од Кичево е првата градинка во нашата држава која што се приклучи кон кампањата за промоција и поддршка на локалното производство на храна преку делење на пакетчиња со здрава храна на 150 деца кои што се згрижени во градинката. Дополнително, се потпиша и меморандум за соработка токму во оваа насока да се продолжи да се работи и понатаму затоа што здравите навики за исхрана кај децата се формираат од најмали нозе, а исто така треба да знаеме дека секое трето дете според последниот извештај на UNICEF за нашата земја, е дете со прекумерна телесна тежина. Од друга страна пак дури 84% од земјоделските производители почувствувале негативни ефекти од Кивод кризата, па така сега е вистинско време да ја изразиме максимално поддршката кон локалните земјоделски производители и да се свртиме кон конзумирање на локално произведената храна.

За крај, соработката со градинката Олга Мицеска од Кичено има многу поголема и подалечна визија а тоа е менување на свеста кај населението за користење на локалните земјоделски производи, па како би можеле да успееме ако не почнеме токму од најмалите чии навики за исхрана се формираат во оваа возраст.

Огромна благодарност до градинката Олга Мицеска што ни стана нов партнер во остварување на нашата мисија. Кампањата #различнипакетчињазаразличнановагодина се спроведува во рамките на програмата на Civica Mobilitas