Како одминува кампањата така станува се подобра, овој пат бевме во Гостивар

Објавено на 10.03.2021 година.

Како одминува кампањата така станува се подобра! Денес бевме во Гостивар и гостиварско каде што ниту снегот не не спречи во нашата намера, а тоа е да ги реализираме разговорите со жените лидерки во руралните средини, но и да научиме како всушност се станува лидер, затоа што од нашите позитивни примери веќе сме убедени дека лидер/ка не се раѓа туку се станува низ годините.

Тоа денес ни го докажаа жените од селото Тумчевиште, членки на здружението Моја Фарма кое што е и едно од најактивните здруженија во Коалицијата. Жените од ова здружение имаа можност да се запознаат со животните приказни на жените од Вардарскиот и Пелагонискиот регион, но и да го вкусат слаткото од речел или слаткото од диви капини како едни од традиционалните производи на нашата земја, производи кои што 60-80% останаа непродадени поради пандемијата. Но затоа сме ние тука, да ги промовираме ваквите традиционални преработки и да изнајдеме начин како да завршат на трпезите на секој од нас!