И во емисијата АГРАР се говори за потребите на жените од руралните средини

18.10.2020 година

И во емисијата АГРАР се говори за потребите на жените од руралните средини

Извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Jоноски, гостинка во ТВ емисијата Аграр на националната Македонска Радио Телевизија каде што говореше за положбата на жените во руралните средини, нивните потреби и барања, како и одбележувањето на Меѓународниот ден на жената во руралната средина – 15 октомври. Во емисијата беше промовирано и видеото за животните приказни на жените од руралните средини, а се со цел и пошироката јавност да се запознае со предизвиците со кои што жените секојдневно се соочуваат во руралните средини, но исто така се говореше и за мерките и активностите кои што граѓанските организации ги превземаат во соработка со институциите преку членството во работната група за родова еднаквост и економско јакнење на жените од руралните средини, а формирана во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка на UN Women.

 

Исто така, во емисијата беа презентирани моменталните, но и идни активности на Коалицијата.