Излезе првиот ИПАРД извештај “во сенка”

Објавено на 01.10.2021 година.

Светлото на денот го гледа и првиот ИПАРД извештај во сенка кој што ја анализира мерката 1 – Модернизација на семејните земјоделски стопанства за која што само во ИПАРД 2 се издвоени повеќе од 28 милиони евра, a потпишани се 2.286 договори.

Најголемиот дел од земјоделците сметаат дека Програмата ИПАРД не е искористена во вистинската смисла во која што е предвидена, со оглед на тоа што најчесто се аплицира за механизација, бидејќи е најлесно и се бара најмалку документација, а кога станува збор за посериозни инвестиции, на пример градење на ладилници или други градежни работи коишто со ИПАРД се дозволени, земјоделците имаат страв затоа што станува збор за поголеми средства кои што треба да се вложат.

За останатите ставови на земјоделците, меѓутоа и најголемите предизвици со кои што се соочуваат тие при аплицирањето за ИПАРД може да прочитате во целосниот извештај достапен тука.