ЗА НАС

 

ВИЗИJА

 

Конкурентни, организирани, здружени семејни земјоделски стопанства – двигатели кон цврста развојна земјоделска политика, унапредени социо-економски услови за квалитетен живот и одржлив рурален развој

 

МИСИЈА

Унапредување на условите во руралните средини за воспоставување одржливи семејни земјоделски стопанства преку директна поддршка, градење на капацитети, придонес кон рамномерен регионален развој и учество во креирање на локалната и националната аграрна политика.

 

Главна дејност: подобрување на квалитетот на живот во руралните средини; едукација, организација и заедничко делување на земјоделците; влијание на политиките на национално и локално ниво, рамномерен регионален развој, промоција и јакнење на капацитетите на локалните граѓански организации.

Руралната коалиција веќе е препознатлив партнер на земјоделските здружениjа, кој што опфаќа повеќе сегменти на делување започнувајќи од grass root активности, па се до мониторинг, следење на законска национална и ЕУ регулатива, креирање на документи за јавни политики и влијание.

Како Коалиција составена е од 40 локални здруженија, 12 волонтери, 1 редовно вработен, 5 хонорарно ангажирани лица, како и професори, докажани експерти во областа земjоделство и рурален развоj, истакнати студенти по земjоделски науки и храна, кои што го сочинуваат Советодавно тело на организациjата кое што пак ги гради ставовите на Коалициjата по сите прашања од интерес за организациjата. Родовата рамноправност и еднаквост, младите, вклучувањето на етничките малцинства и ранливите категории на граѓани се хоризонталните теми на кои Коалицијата исто така посветува внимание, па така во рамките на Коалициjата неформално делува и Руралното Женско Лоби составено од активни жени-земjоделки кои што делуваат и придонесуваат кон локалниот економски развоj во руралните средини, како и Младински Рурален Клуб во коj што пак членуваат младите од руралните средини и со заеднички сили и идеи придонесуваат кон унапредување на социjалните услови за живот, но и атрактивноста, како и економските бенефити од земjоделството и руралниот развоj и живеењето во руралните средини.

Што се однесува пак до соработката со останатите локални чинители во заедницата, како Коалиција, организацијата работи на развивање и имплементациjа на одржливи проекти и активности со општините, месните заедници, локалните институции, подрачните единици на министерствата, со дел од нив потпишано и меморандуми за соработка, а со локалните здруженија како членки голем дел од проектите и активностите се спроведуваат партнерски на терен. Коалицијата има воспоставено добра соработка и со седмата сила, односно медиумите, национални и локални, па медиумскиот простор често пати е пополнет и со активности реализирани од страна на организациjата и неjзините партнери, но и дел од видео и промотивните материjали се добиени како производ од взаемната соработка.

Бидеjќи организациjата расте и се развива многу вложува и во делот на вмрежување и градење на релации и поврзување со сродни организации од областите во кои што делува, како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво, па истата е членка на броjни мрежи на граѓански организации преку кои што ги остварува своите влиjаниjа во делот на внесување на промени, но и креирање на национални и локални политики кои што го унапредуваат земjоделството и руралниот развоj. Дел од мрежите во кои што членува Коалициjата се и следниве: Мрежа за рурален развоj на Република Северна Македониjа, Мрежа за одржливост на граѓанските организации, Мрежа за Отворено Владино Партнерство, Мрежа за климатски промени, ИПА механизам, Национална платформа за родово-одговорно буџетирање, Мрежа за подобрување на квалитетот на услугите во jавната администрациjа, Граѓанска алиjанса за транспареност итн.

Кога сме каj застапувањето и претставувањето, Рурална Коалициjа со своj претставник избран на jавен повик од организациите кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj, е членка и го застапува секторот земjоделство и рурален развоj во Советот за соработка со и развоj на граѓанскиот сектор, коj што пак е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија. Советот ја следи и анализира јавната политика која се однесува и/или влијае на граѓанскиот сектор; иницира донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за унапредување на правната и институционалната рамка за делување на организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на граѓанскиот сектор; го поттикнува унапредувањето на соработката и градењето на партнерски односи на Владата и органите на државната управа со граѓанскиот сектор; учествува во подготовката и го следи спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и Акцискиот план за спроведувањето на Стратегијата; дава мислење на годишно ниво за реализација на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор;ја следи и анализира вклученоста на организациите во процесот на креирање на јавната политика преку доставените извештаи за спроведени консултации од страна на органите на државната упава и дава препораки за нејзино унапредување; дава предлози при планирањето на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на организациите од Буџетот на Република Северна Македонија итн.