Завршна конференциjа “Локалната демократиjа – идеал или практика”

Дали локалната демократија е сеуште тешко достижен идеал или пак може да говориме за реално практикување на истата во општините? – беше главното прашање на кое што се дискутираше на денешната завршна конференција на проектот Граѓанските организации во служба на локалната демократија каде што една од говорничките беше и извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, презентирајќи ги искуствата, впечатоците и добрите развиени практики за локална демократија добиени преку спроведувањето на проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој” каде што партнер во имплементацијата беше општината Старо Нагоричане.

Конференциjата заврши со потпишување на меморандум за соработка за Мрежа за локална демократија коj што пак меморандум ги отвора новите можности за соработка на граѓанските организации во служба на локалната демократија. Рурална Коалиција дел од организациите-потписнички која што ќе биде вклучена во процесите и активностите кои што ќе следуваат во наредниот период а во насока на практикување на демократијата на локално ниво.