Заврши и вториот настан на кој повторно се говореше за потребата од градење на родово-сензитивно општество

Објавено на 09.03.2021 година.

Заврши и вториот настан каде што повторно се говореше за потребата од градење на родово-сензитивно општество, но особено беше нагласена потребата дека мора да се менува и СВЕСТА кај жената за нејзиниот придонес во општеството и улогата која што ја има во него.

Повторно беше нагласена опасноста од квотите да постојат само како бројки, а при тоа сепак да не се живеат истите во реалноста, како и предизвиците со кои што се соочуваат жените од руралните средини, кон што свој придонес даде и Рурална Коалиција.

Настанот во рамки на Вечерите на женски права, насловен како Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални – како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19? беше организиран од страна на Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.Последниот пак настан со кој што го заокружуваме денешниот ден е присуството на Марш за 8 март: Држава што не постапува е држава што силува.Се гледаме таму!