Дебата со координаторите/ките на комисиите за еднакви можности од 17 општини вклучени во проектот “Низ женски леќи“

Објавено на 24.03.2021 година.

Дел од заклучоците кои што произлегоа од денешната дебата со координаторите и координаторките за еднакви можности од 17-те општини во кои што се спроведува проектот “Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост”:

Потребно е градење на поголема родова сензитивност на сите вработени во општините вклучувајќи ги тука и самите градоначалници и градоначалнички (тоа што во моментов ги имаме само 4 градоначалничќи говори многу за моменталната состојба со родовата еднаквост во нашата држава на локално ниво).

Поголема соработка помеѓу сите вработени во општината повторно вклучувајќи ги и градоначалниците на теми поврзани со родова рамноправност и реалното достигнување на еднаквите можности на мажите и жените во локалната заедница.

Дилема постои околу систематизацијата на местото координатор на еднакви можности.

Ниска вклученост на комисијата и координаторот/координаторката за еднакви можности во процесите на креирање и имплементација на политиките и стратешките документи на општината.

Медиумите повеќе да бидат вклучени во известувањето на работата, но и предизвиците со кои што се соочуваат претседателите/претседателките и членовите на комисиите за еднакви можности во општините..