Вториот ден од руралната мартовска кампања го поминавме во Пелагонискиот регион

Објавено на 09.03.2021 година.

Вториот ден од руралната мартовска кампања го поминавме во Пелагонискиот регион каде што преку родовиот женски форум говоревме за потребата од економско јакнење на жените од руралните средини и надминување на родовите јазови кои што особено станаа видливи за време на Ковид пандемијата.

Беа поделени рачните изработки од здружението Здружение Радика Де како наш партнер во кампањата, па жените од Пелагонискиот регион имаа можност да се запознаат со жените од Реканскиот крај токму преку нивните изработки ама и да си ја промовираат нивната работа и нивниот придонес во семејното земјоделско стопанство, па и во општеството, придонес кој и понатаму останува невидлив. 

Руралната женска мартовска кампања #ОдЖенаЗаЖена е дел од годишниот план за работа на Коалицијата, а поддржан од Civica Mobilitas.

Следна локација е Гостивар и околните села.