„Анализата на влијанијата на Ковид-19 врз родот и различностите“

Oбјавено на 09.03.2021 година.

Штотуку заврши онлајн презентацијата на “Анализа на влијанијата на Ковид-19 врз родот и различностите” во организацијата на OSCE Mission to Skopje, која разгледа различни владини одговори на ковид-19 од перспективата на родот и различностите. Оваа анализа имаше за цел да разбере на кој начин мерките преземени од владата влијаат врз жените и мажите, и на различните социјални групи меѓу жените и мажите, различно.

Предизвиците за (Не) вклученоста на жените во руралните средини во процесите на донесување на одлуки на локално ниво на настанот ги образложи извршната директорка на Рурална Коалиција, г-ѓа Лилјана К. Јоноски која што ја истакна потребата од функционалните и проактивни комисии за еднакви можности, меѓутоа и за потребата од родово-одговорно буџетирани мерки кои што ќе одговараат на различните потреби кои што ги имаат мажите и жените, ама и жените од руралните средини во однос на оние од урбаните средини.

Во соработка со Center for Research and Policy Making Рурална Коалиција беше директно вклучена во спроведувањето на истражувањето на терен, а исто така е дел и од Мрежата за родово-одговорно буџетирање – Gender Budget Watchdog Network.