ТИМ

Лилјана Јоноски, м-р по правни науки, отсек деловно право, зад себе има 10-годишно проектно искуство во секторот земјоделство, рурален развој, но исто така и во делот на едукацијата и трансфер на знаењата како долгогодишен едукатор и соработник на бројни научни установи во РМ. Како координатор на проекти зад себе има успешна реализација на над 15 проекти со различна финансиска тежина, а од 2016 година ја извршува и функцијата извршен директор на Рурална Коалиција.

Елизабета Ристеска-Мрческа, финансиски и административен соработник, со 10-годишно работно искуство во секторот земјоделство и рурален развој, а како м-р по економски науки и маркетинг, активно ја познава проблематиката на водење на финансии и административно работење во проектниот менаџмент.