ЗА НАС

Статут

Здружение Рурална Коалиција – Куманово е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно здружение на граѓани, кое е формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на разни дејности и активности.

Комплетниот статут можете да го прочитате во пдф формат кликнувајќи на копчето подолу.

Комплете Статут (pdf)

Организациона структура

Завршни сметки

Баланс на приходи и расходи за 2015 година

Комплетниот баланс можете да го прочитате во пдф формат кликнувајќи на копчето подолу.

Комплете Баланс (pdf)

Рурална Коалиција – Куманово има за цел да ги обедини земјоделците и руралното население на Република Македонија, во силна и препознатлива организација, која ќе ги штити нивните економски, социјални и културни интереси, ќе се залага за унапредување на можностите за развој на агро-бизнисот и рамномерен регионален развој на руралните подрачја во Република Македонија, и ќе влијае на политиките и стратегиите во државата, за да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните што ги застапува. Ќе делува со пренесување на знаење добиено преку посредување и на други релеватни институции, експерти и слично како од Македонија така и од странство.

Визија: Достоен социо-економски статус на руралното население

Мисија: Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и животниот стандард, преку профитабилни семејни бизниси во склад со природата заштитувајки ја животната средина

Главна дејност:

  1. Подобрување на квалитетот на живеење на луѓето во руралните средини во Република Македонија,
  2. Ускладување на потребите на човекот во склад со природните богатства и зачувување на биодиверзитетот.
  3. Организирање на обуки за земјоделците во Република Македонија, за унапредување на нивните агро-бизниси,
  4. Влијание на политиките на национално и локално ниво, со цел да се овозможи рамномерен регионален развој во Република Македонија и еднакви можности за напредок на руралните средини,
  5. Промоција на граѓанското движење и јакнење на граѓанските организации.
  6. Застапување на интересите на членовите, следење на состојбите кои ја засегаат целната полулација и известување за промените и последиците,
  7. Активности и мерки за еколошко работење, био-енергија и енергетска ефикасност – следење на трендови, пренесување на информации до членството и подготовка и реализација на проекти од оваа област.

Највисок орган на Рурална Коалиција е Собранието кое потоа избира Управен Одбор и Надзорен орган, додека по потреба во зависност од динамиката на активности во Статутот регулирано е и формирање на Совет.

Рурална Коалиција воведе еден нов пристап во соработка со партнерските здруженија во секторот кој го застапува, сакајќи да се отргне од класичното претставување на организациите кои преку плаќање на членарина во одредена национална организација ќе имаат влијание во носење на одлуки, или пак ќе доминира одредена политичката провиненција.

Рурална Коалиција се базира на принцип на искажан интерес на другите здруженија да партиципираат во работата и заеднички да се градат ставови заштитувајки ги интересите на членството во поединечните здруженија. Се одржуваат редовни контакти со партнерските здруженија, кои во моментот од секторот земјоделство и рурален развој се вкупно 24 здруженија.