Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!

Наслов на проектот :Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!
Времетраење на проектот:12 месеци
Цел и краткорочни цели
Цел: Локалната заедница вклучена во процесите на креирање политики и стратешки документи на општината
Краткорочни цели:
1.1. Јакнење на свеста кај граѓаните за нивно вклучување во процесите на донесување на одлуки на локално ниво
1.2. Воспоставување на локален механизам за иницирање и следење на процесите во локалниот економски и рурален развој

Партнер(и) : Општина Старо Нагоричане и здружение ЕКО-ТИМ – Еколошка канцеларија на Старо Нагоричане

Целна/и група/и :Локална заедница на општина Старо Нагоричане, односно локалните жители/граѓаните, локални здруженија, приватен бизнис сектор, локални институции, општина
Локација :Општина Старо Нагоричане
Главни активности (А):А.1. Анализа на моменталната состојба во општината и мапирање на локални чинители на општина Старо Нагоричане
А.2. Промовирање на пристапот од долу-нагоре со вклучување на локалната заедница во процесите на донесување на одлуки на локално ниво преку организирање на 3 јавни настани
А.3. Потпишување на меморандум за соработка со општина Старо Нагоричане
А.4. Создавање на локална активна платформа за економски развој
А.5. Формирање на фокус/работни групи во општината по области (економија, рурален развој, инфраструктура итн.)
А.6. Одржување на 3 неформални работни средби за стратешко планирање со секоја од групите по иновативен метод т.н. светско кафуле
А.7. Организирање на 1 тркалезна маса со претставници на сите 3 работни групи кои претходно работеле на пооделни делови од стратегијата заради усогласување на истата
А.8. Финализирање на стратегијата со акциски план и доставување до Советот на општината за усвојување
А.9. Запознавање на локалното население по месни заедници со стратегијата
А.10. Завршна финална локална конференција
Очекувани резултати (Р) :
Р.1. Локалните чинители мапирани и информирани за начините и механизмите кои што го овозможуваат нивното вклучување во локалните демократски процеси
Р.2. Создавање на локалната активна платформа/мрежа од локални чинители која што ќе ја креира стратегијата за локален економски развој на општина Старо Нагоричане
Р.3. Граѓаните се запознаени со стратегијата за локален економски развој
Очекувано долгорочно влијание Самата стратегија која што ќе биде изготвена за општина Старо Нагоричане всушност го обезбедува и долгорочното влијание на проектот бидејќи истата по завршувањето на проектот ќе треба да се спроведува, а тука ќе биде и локалната активна платформа или мрежа за економски развој која што ќе го мониторира и следи спроведување на стратегијата.