Мисли на пазар – не само на субвенции

Интегративните процеси кои го каректеризираат современото стопанство, неминовно налагаат потреба од прилагодување на домашната политика спрема современите глобални трендови. Превземањето на мерки од страна на државите за што поуспешно вклучување во овие процеси како преку подобрување на општата бизнис клима така и преку превземање на мерки за подобрување на конкурентноста се неминовни во перманентниот развој на националното пазарно стопанство.

Земјоделството како дел од националната економија не е имун на сите овие глобални движења и состојби па сите ние треба да бидеме активни учесници во создавањето на услови за конкурентност на нашите земјоделски производи во глобални рамки. Токму поради ова за развој на националната економија, а со тоа и развоја на земјоделството како стопанска гранка особено е важно да се овозможува пристап до нови пазари, да се врши трансфер на знаења и технологии, да се зголемува продуктивноста и економичноста во секторот и како резултат на сето тоа да зборуваме за профитабилно земјоделство.

Пазарот е место каде учесниците во размената ја обавуваат размената на добра и услуги, a сепак пазарната економија исто така не го изема и постоењето на т.н виртуелен пазар каде купувачите и продавачите немаат директна врска туку имаат т.н «on line» конекција и пазарите се јавуваат како електронски пазари, кои се повеќе се застапени денес. Електронското купување и продавање се повеќе го освојува светот и постанува секојдневие.

Во стопанство во кое доминантен дел од производството, дистрибуцијата и размената на стоки, услуги и други добра се контролира од страна на индивидуални учесници во стопанските текови и приватните правни субјекти – корпорации (претпријатија) многу повеќе во однос на државата и во кои стопанства, улогата на државата и нејзиното мешање во уредувањето на односите во стопанството е минимално, во вакви случаи велиме дека станува збор за пазарно стопанство.

Превземете ја комплетната брошура

Галерија