Извршната директорка на Рурална Коалиција, г-а Лилјана Јоноски, дел од работната група во рамките на Советот за соработка…

Извршната директорка на Рурална Коалиција, г-а Лилјана Јоноски, дел од работната група во рамките на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, која што работеше на предлог моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија. Моделот беше презентиран на консултативна средба со над 40 граѓански организации кои укажаа на важноста на утврдување …

Првиот граѓански форум ги даде насоките за изработка на стратегијата за соработка со граѓанските организации и месните заедници во општина Кривогаштани

Жителите од општина Кривогаштани во соработка со претставниците на општината на заедничка маса ги разгледуваа главните предизвици со кои што се соочуваат при секојдневната комуникација која што ја остваруваат едни со други. Беше направена SWOT анализа, а се започна и со дефинирање на првите генерални стратешки цели кои што треба да ја унапредат досегашната комуникација помеѓу општината и нејзините жители, …

Се објавува оглас за избор на двајца експерти за изработка на 2 стратегии

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалната заедница“ кој што го имплементира во соработка со Здружението ПОЛИМАТ 13, а финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното население“, објавува оглас за избор на двајца експерти за изработка на 2 стратегии …

Се реализираше и вториот граѓански форум во општина Старо Нагоричане!

Жителите од општина Старо Нагоричане вклучувајќи ги тука и претставниците од сите локални јавни институции, како и претставниците на самата општина работеа конкретно и детално на развивањето на стратегијата за локален економски развој. Се разгледуваа конкретно силните и слаби страни на општината, можностите и заканите за општината, а самите жители на општината имаа можност да ги истакнат и своите идеи, …

Реализиран првиот граѓански форум во рамките на проектот Локалната заедница и општината заеднички ја креираат Стратегијата за локален економски развој!

Отпочна процесот на креирање на стратегијата за локален економски развој на општината Старо Нагоричане преку одржување на првиот граѓански форум со претставниците на локалната самоуправа. Преку методот на светско кафуле каде што три различни целни групи ќе имаат можност да работат на стратешките цели и приоритети кои што треба да се определат во рамките на општината и да се работи …

Повик за учество во работилница

  Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Североисточен плански регион на Република Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Североисточниот регион ги …

Рурална Коалиција Куманово објавува оглас за избор на тројца обучувачи

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалната заедница“ кој што го имплементира во соработка со Здружението ПОЛИМАТ 13, а финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното население“, објавува оглас за избор на тројца обучувачи и тоа за следниве области: …

Граѓанските организации од Североисточниот и Полошкиот регион разменија искуства и знаења како да влијаат на локалните политики на општините

Општина Брвеница во знак на добра соработка со локалниот граѓански сектор ја отстапи општинската сала за граѓанските организации од Североисточниот и Полошкиот регион за да може граѓанските организации од двата региона да ги разменат своите искуства во делот на соработка со локалната самоуправа. Најголемиот дел од присутните претставници истакнаа дека најважно е иницијативата да биде од интерес за широката локална …

Жителите од Јосифово, Пирава, Удово, Раброво, Валандово се информираа за придобивките и предизвиците од ЕУ ориентирано земјоделство!

Карванот на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“ предводен од Рурална Коалиција на 14.09.2018 година, ја одржа втората трибина на тема “Придобивки и предизвици од ЕУ ориентирано земјоделство“, каде што жителите од руралните и населени места на околината на Валандово имаа можност да дискутираат, но и да ги разменат своите ставови и мислења во однос на тоа што не …