Активни жени во руралните средини – активно придонесуваат кон развојот на локалната заедница

Период на спроведување: jуни – ноември 2019

Проектот ја третира темата на родова еднаквост во рураланите средини, но е насочен кон економската активност на жените и како да се поттикнат истите што е можно повеќе да се активираат на локално ниво, како во процесите на донесување на одлуки, така и во делот на отпочнување или развој на агро-бизнисот во семејното земјоделско стопанство. Фактот дека само 5-6% имаат имот или обработливо земјиште на свое име или дека во најголем број на случаеви се оддалечени по 10 и повеќе километри од услугите (социјални, економски, градинки итн.) се доволно алармантни податоци за да се зголеми обемот на активности кој што го има во руралните средини, а кој што ги опфаќа и жените. Тие се тука, присутни, придонесуваат за развојот на заедницата, но нивниот труд и заложба сеуште не е доволно видлив, а за да стане препознатлив потребно е што е можно поголемо активирање на жените во локалната заедница. Проектот “Активни жени во рурални средини – активно придонесуваат кон развојот на локалната заедница“ преку предвидените активности настојува најпрво да ја мапира реалната состојба на терен кога станува збор за вклученоста на жените од руралните средини во локалните политики, информираноста за процесите на родово-сензитивно буџетирање, како и за можностите за економска активност и јакнење во руралните средини, за потоа преку локални прес конференции се зајакне комуницирањето со локалните медиуми и пренесувањето на резултатите до пошироката јавност. По сегментот на истражувањето, следува делот на зголемување на неформалното образование на руралните жени, нивната еманципација, како и ставање на практични алатки на располагање за влијание во локалната заедница. Едукативното предавање ќе ги доближи жените до институциите на системот на локално ниво, процесите на креирање на локални, но и родово-сензитивни политики, како и лобирање за отворање на можности на локално ниво за економско јакнење на руралните жени, при што жените ќе имаат обврска за пренесување на стекнатото знаење и добиените информации во вид на студиски кружоци во средините од кои што доаѓаат. Во втората фаза, проектот ќе се насочи кон конкретни активности и вмрежување на жените од два пилот региони (Североисточен и Полошки) со основањето на неформална група на жени од рурални средини наречена рурално женско лоби, а се со цел да може директно да ги претстави и доближи позитивните практики на делување и искуства на жените кои што го поминале патот на економска и социјална инклузија во општеството и кои што веќе имаат пракса на активно делување во заедницата и се препознатливи како такви. Целта на размената на позитивните искуства и практики е да се мотивираат што е можно повеќе жени да ја практикуваат родовата еднаквост и економски да се активираат како во семејното земјоделско стопанство, така и во локалната заедница. Според претходните искуства и работа на партнерските организации, како и дискусиите во тематската група за родова рамноправност на МРР, најдобар метод или начин за пренесување на искуства, знаења, но и мотивација за превземање на активности е преку директна комуникација и пренесување на позитивни примери и приказни на терен, па токму водени од овие предуслови, партнер организациите ќе организираат две взаемни посети на жени од руралните средини (од Куманово во Гостивар и обратно) на успешни лидерки во агро-бизнисот од двата региони, а се со цел да преку ваквите посети жените директно преку успешна приказна ги зголемат практичните знаења и вештини за отпочнување или водење на семејното земјоделско стопанство со сите предизвици и можности кои што оваа позиција ги носи со себе. Ваквите активности треба да ја зголемат мотивацијата кај жените посетителки да и тие во локалната заедница од која што доаѓаат поттикнат одредени промени. Промотивното пак видео кое што ќе се сними за време на посетите, а ќе биде презентирано на завршната национална тркалезна маса, треба само да го зголеми ефектот и мотивацијата и кај останатите жени од другите региони кои што не се директно вклучени во проектот бидејќи видеото ќе биде достапно на социјалните мрежи, веб страниците, локалните медиуми. Видеото ќе биде промовирано на завршната тркалезна институционална маса, каде што националните институции, локалната самоуправа и жените ќе ги стават на маса предизвиците со кои што се соочуваат секој од свој аспект, а се со цел заедничко надминување на истите, но и создавање на поле за дејстување и по завршувањето на проектот.

Цели на проектот

Општа цел: Жените од руралните средини стануваат рамноправни активни чинители во унапредување на семејното земјоделско стопанство и економскиот развој на локалната заедница

Краткорочна цел 1: Зголемени знаења и капацитети на жените од руралните средини за родова рамноправност и вклучување во процесите на креирање на родово-сензитивни политики на локално ниво

Краткорочна цел 2: Зајакнати претприемачки вештини и капацитети кај жените од руралните средини преку размена на искуства и добри практики во заедницата

Проектот ќе овозможи достигнување на две краткорочни цели кои што се насочени најпрво кон зголемување на знаењата кај жените за практикување на родовата рамноправност на локално ниво, за потоа преку позитивни примери и практики, како и размена на искуства да се придонесе кон развивање на претприемачките вештини на жените и на таков начин да се овозможи нивното економско јакнење меѓутоа во исто време и нивна социјална инклузија во заедницата, а со самото тоа што ќе се развијат ваквите вештини и капацитети кај жените во исто време се придонесува да тие се охрабрат да развијат или да го унапредат сопствениот агро-бизнис или да имаат поголем удел во неговиот развој со што всушност се придонесува и кон општата цел предвидена во проектот, односно да и жените имаат свој активен, но и признат и ценет удел, па зошто не и лидерство во економскиот развој на локалната заедница.

Целна група и целно подрачjе:

Проектните активности ќе се реализираат во два различни плански региони согласно подрачјето и територијата на која што делуваат партнерските организации, односно во Североисточен и Полошки плански регион, при што ќе бидат опфатени општините Гостивар и Куманово. Целна група во реализацијата на активностите предвидени во проектот ќе бидат жените од руралните средини кои што се занимаваат со земјоделство, но и кои што практикуваат друг вид на активности како развој на рурален туризам, собирање на диви плодови и печурки, производство и продажба на домашни производи итн., односно кои што на било каков начин придонесуваат кон економскиот развој на заедницата, а фокус ќе се стави и на младите како идна генерација која што би го наследила она што го работат нивните родители.

Резултати:

Очекуван резултат 1.1: Зголемен број на жени од рурални средини со зајакнати знаења и капацитети на тема родова рамноправност и креирање на родово-сензитивни политики

Очекуван резултат 1.2: Изградено и оперативно рурално женско лоби за промовирање и поттикнување на женскиот агро-бизнис во Североисточниот и Полошкиот плански регион преку размена на искуства и практики

Активности:

  • Спроведување на теренска анкета на 100 жени вкупно од Североисточниот и Полошкиот плански регион, а се со цел да се утврди степенот на познавање, но и на практикување на родовата рамноправност во семејното земјоделско стопанство, како и нивното познавање за процесот на креирање на родово-сензитивни политики на локално ниво, алатки за вклучување, отворени можности за економско јакнење на жената на локално ниво итн. Во рамките на оваа активност ќе се изврши и мапирање на економски активните жени во руралните средини од двата региони
  • Изработка на извештај со инфографици за реалната состојба на терен и економската активност на жените, но и нивната вклученост во процесите на креирање на политики на локално ниво
  • Јавна презентација на резултатите на две локални прес конференции во соработка со локалните медиуми (Куманово и Гостивар)
  • Организирање на 1 едукативно предавање на тема: Креирање на родово-сензитивни политики и алатки за вклучување и влијание на жените од руралните средини. На секое од предавањата е предвидено да земат учество по 10 жени од секој регион, кои што потоа ќе имаат обврска секоја во своето место на живеење да ги пренесе знаењата кои што ги стекнала по принципот на студиски кружок за што ќе добијат соодветни материјали и насоки на самото предавање
  • Основање на неформално рурално женско лоби и негово активирање со организирање на 2 взаемни посети на успешни семејни земјоделски стопанства предводени од жени во двата региони, односно 10 рурални жени од околината на Куманово одат на посета и размена на искуства во руралните средини во Гостивар и една посета на 10 рурални жени од Гостивар во Куманово заради размена на искуства и добри практики
  • Изработка на промотивно видео од активностите на проектот, но и со пораки на активните жени од рурални средини за економска и социјална инклузија – во текот на јавните настани организирани во рамките на проектот ќе се снимаат и инсерти, како и мотивациски изјави од страна на активните жени во руралните средини за економска и социјална еманципација на сите жени кои што живеат во руралните средини
  • Промоција на видеото на национална тркалезна маса со институциите и општините на тема: Економски можности и предизвици за жените од руралните средини, каде што ќе се истакнат предизвиците со кои што се соочуваат жените од руралните средини во извршувањето на економските активности, но ќе се разгледаат можности за нивно надминување, олеснување на критериумите за регистрација, отворање на сопствен бизнис, обезбедување на пензија, породилно отсуство итн.

Проектната инициjатива е финансирана од Мрежата за рурален развоj во рамките на проектот „Градење на капцитетите на МРР и нејзините членки, финансиран од We Effect.