Рурална Коалиција ја одржа изборната седница на Собранието

На 05.03.2019 година Рурална Коалиција ја одржа изборната седница на Собранието на организацијата на која што беа присутни 31 делегат од здруженијата/партнери на организацијата. Беше избран и новиот состав на членови на Управниот и Надзорниот одбор, се реизбра извршниот директор на организацијата, а беа исто така усвоени и основните правилници и деловници за работа на организацијата. Се донесе и програмата за работа на здружението за 2019 година каде што главниот акцент е ставен на младите и жените од руралните средини, рамномерниот локален и регионален развој, јакнење на капацитетите на здруженијата/членки на организацијата, како и следење на евро-интеграциските процеси во секторот земјоделство и рурален развој. Беа прогласени и трите жени – земјоделки за 2018 година со особен придонес во секторот, а самото одржување на изборната седница на Собранието беше овозможена со финансиска поддршка на Civica Mobilitas. Не чека година со полни раце работа!