Живка Ѓурчиновска, добитник на признанието за Жена ЗЕМЈОДЕЛКА на ГОДИНАТА

Живка Ѓурчиновска….. жена фармер која доаѓа од гостиварското село, Тумчевиште. Храбра но истовремено и сензуална, практична но и премногу реална, секако и емотивна. Често е пример на жена која зрачи со природна интелигенција, Нејзината смисла за расудување и реалното поимање на работите е навистина инспиративен. Истовремено жена која се вложува многу за да постигне резултати и во земјоделството.посебно во делот на производството на жито.