Валентина Трпеска, добитник на признанието за Жена ЗЕМЈОДЕЛКА на ГОДИНАТА

Вообичаената слика за македонското земјоделство е маж качен на трактор. За жал кај нас се уште земјоделството се квалификува како машка работа, но се занемарува фактот дека над 50% од земјоделските работи ги извршуваат токму тие жените. 
Двигател на семејството, одржување на домаќинството, едукација и воспитување на децата, чување на традицијата, и рамо до рамо работа на фармите, заедно со нашите татковци, мажи, браќа и синови, се дел од секојдневните обврски на нашите жени земјоделки.
Валентина Трпеска
Жена, мајка, домаќинка, пријателка. Жена со постојана насмевка и ведрина. Желна за наука и знаење. Друштвена. Лојална и грижлива. Богата со смиреност и авантуристички дух кои ја водат низ животот. Ова се дел од епитетите кои ја претставуваат Валентина Трпеска, Жена фармер која доаѓа од прилепското село Славеј. Одгледувач на тутун и жито. Рурална Коалиција на оваа жена и даде признание за жена земјоделка за 2018 година, a воедно е и дел од Руралното Женско Лоби на Коалицијата