Успешна реализација на проектот “Вклучување на родовите перспективи во главните политики на земјоделството и руралниот развој“, но и основа за превземање на уште поголеми чекори во наредниот период

Резултатите од проектот “Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој” вредни за презентација, дискусија, но и добра почетна основа за делување во иднина на патот на воведување, но и практикување на родовата компонента во политиките на земјоделскиот и руралниот развој. Проектот е финансиран од Европската Унија, а во изминатите 18 месеци партнерски го спроведуваа Националниот совет за родова рамноправност, Рурална Коалиција и Здружението за локален и рурален развој
На конференцијата свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) кој што го истакна суштинското значење, но и признавање на улогата на жената во земјоделското стопанство говорејќи при тоа од аспект на сопствено и лично искуство и положбата на жената во неговото семејство, како мајка, домаќинка, личност која се грижи за постарите лица во семејството, работи на нивите, а никаде не е видлив ниту пак економски исплатен нејзиниот труд. И тој се сложи со главното мото на конференцијата, односно дека ова треба да претставува само почеток на патот кон соочување на жените од руралните средини со сите предизвици кои што им се наметнуваат, па ја истакна безрезервната поддршка на институцијата и во иднина. АПРЗ беше вклучена во директните теренски средби на проектниот тим и експертите а во насока на информирање и директна поддршка за аплицирање на жените од руралните средини на објавениот повик за ИПАРД 2 програмата.
Кога говориме за жените во руралните средини и нивната економска и социјална инклузија, на завршната конференција на проектот “Вклучување на родовите перспективи во главните политики на земјоделството и руралниот развој“ особено е важно во наредниот период да се превземат чекори и мерки во следниве неколку сегменти:
– да се регулира делот на породилно отсуство за жените регистрирани како индивиуални земјоделци кои што поради ниската ставка на плаќање за пензиско и социјално осигурување, согласно член 14 од Законот за здравствено осигурување немаат право на породилно отсуство, но тука има уште еден момент, а тоа е исплаќањето на субвенциите во текот на породилното отсуство што исто така често пати доведува до прекинување на исплатата за породилно отсуство поради тоа што осигуреничката не може да прима и други приходи дури користи породилно отсуство;
– да се овозможи креирање на долгорочни мерки и програми за јакнење на родовата рамноправност преку можности за јавно учество на жените од руралните средини во процесите на креирање на политиките и одлуките, но и на нивно спроведување на терен;
– да се поттикне институционалната про-активност како на национално, така и на локално ниво во делот на вклучување на родовата компонента, но и родовата сензитивност при креирањето на локалните и национални политики;
– да се овозможи континуирана дистрибуција на информациите поврзани со економската и социјална инклузија на жените од руралните средини;
– да се овозможи меѓусекторска и меѓуинституционална координација и соработка помеѓу засегнатите страни (институции, општини, агенции, жени земјоделки, друго НВО поврзани со прашањата кои ја тагираат оваа категорија на граѓани) итн.