Рурална Коалициjа на Денот на граѓанските организации

Ден на граѓанските организации… Преку споделување на знаења и традиционални рецепти заедно до препознавање на руралните капацитети кои што имаат потенцијал да бидат развиени во она што се нарекува рурален, агро, еко туризам, а за кој што побарувачката е се поголема во регионот. Зошто и ние не би имале развиени рурални средини препознаени на светско ниво ако веќе се прокламираме како рурална земја? Но, за тоа да го постигнеме дали доволно ги препознаваме потенцијалите на руралните средини во различните плански региони и дали имаме идеја како да го овозможиме нивниот развој и препознатливост?

Руралното тркало кое што се вртеше цел ден даде можност на сите посетители на штандот на Рурална Коалициjа да дознаат што се рачели, што циронки, а што ѓомлезе и макало? Дури отидовме и еден чекор понатаму, погодувавме и дискутиравме кои региони се препознатливи по ваквите традиционални рецепти и вкусови? Како тоа може да го искористиме за да го унапредиме руралниот развоj на земjата за чиj потенциjал сите ние толку говориме?

Младите на Денот на граѓанските организации на штандот на Рурална Коалиција особено заинтересирани за руралното тркало, односно за традицијата, но и полни со идеи како да ги развиеме руралните средини и да го подобриме економскиот и социјален развој на истите. Тркалото се вртеше дури и по неколку пати од една иста личност се со цел да се обидат да одговорат на што е можно повеќе различни прашања, но и на таков начин да дознаат што е можно повеќе за традиционалните рецепти и храна кои што ги одбележуваат различните плански региони во земјата.

На краj Денот го завршивме со полни раце нови идеи и предлози како да jа задржиме, брендираме и промовираме традициjата во руралните средини и да направиме семеjни одржливи земjоделски стопанства кои што нема само да одгледуваат земjоделски производи туку истите и ќе ги промовираат, ќе ги преработуваат, ќе ги нудат на домашните и странски посетители, а со тоа не само што ќе придонесат кон сопствениот економски развоj, туку и кон унапредување на руралниот развоj воопшто.

Ние од Рурална Коалициjа, пак, тоа ќе се обидеме да го ставиме на хартиjа, но и да и помогнеме на заедницата да започне да функционира во една овозможувачка средина коjа што пак ќе ги создаде основните предуслови за конкурентно и модерно земjоделско производство со додадени вредности.

Преку ваквиот настан Цивика Мобилитас уште еднаш покажа и докажа дека промоциjата на граѓанските организации и она што тие го работат е нужна, а се со цел што поголем броj на граѓани да го разберат она што ние го работиме, но и да придонесат кон процесот секоj на своj начин. Само тогаш можеме да говориме за граѓанско инклузивно општество.