Рурална Коалиција Куманово објавува оглас за избор на тројца обучувачи

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата и животот во локалната заедница“ кој што го имплементира во соработка со Здружението ПОЛИМАТ 13, а финансиски поддржан од Европската Унија во рамките на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното население“, објавува оглас за избор на тројца обучувачи и тоа за следниве области:

  • Проектен циклус
  • Мониторинг на јавни политики и
  • Стратешко планирање.

Обучувачите за првите две теми ќе имаат за задача да подготват и реализираат еднодневни работилници на зададените теми (Проектен циклус и Мониторинг на јавни политики), како и да подготват материјали за истата. Обуката пак за стратешко планирање е предвидено да се спроведе два дена. Логистичката и техничка поддршка, како и учесниците ќе бидат обезбедени од проектниот тим. По завршувањето на обуката обучувачите ќе треба да изготват и извештај за реализираната активност.

Крајниот резултат кој што треба да се достигне во рамките на оваа активност во проектот севкупно е:

  • Граѓанските организации имаат подобро разбирање и зголемени познавања за своите права и одговорности за учество во креирањето на политики и носење на одлуки на локално ниво,

Што пак директно ќе придонесе и кон остварување на првата специфична цел на проектот: Зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за активно вклучување во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики во општините Богданци и Кривогаштани.

 

Квалификации на обучувачите:

  • Универзитетско образование;
  • Одлично развиени комуникациски, интерперсонални и фасилитаторски вештини;
  • Искуство во подготовката и спроведувањето на обуки, работилници, семинари на зададените тематски области;
  • Искуство во работењето со граѓански сектор како консултатнт или обучувач ќе се смета за предност

 

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) најдоцна до 15 октомври 2018 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com