Резултатите од проектот Отчетност за сработеното со парите на граѓаните прикажани и низ видео материјал – Рурална Коалиција една од организациите која што ги споделува искуствата од спроведувањето на проектот како позитивна пракса

Погледнете го видеото изготвено во рамките на проектот Граѓанска алијанса за транспарентност. Рурална Коалиција една од организациите кои што ги споделуваат успешните резултати и најинтересните моменти од реализираниот мониторинг на работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот 2013-2016 година. Реформата на јавната администрација клучна и неопходна за поквалитетни услуги за граѓаните, но и реформа која што ќе создаде транспарентни, отчетни и отворени јавни институции. Партнерската соработка помеѓу граѓанскиот сектор и јавните институции основа за побрза, побезболна и поефикасна реформа, бидејќи секоја реформа има успех само доколку граѓаните ја почувствуваат како сопствен и инклузивен процес.