Форум

ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ПО ТЕРК И МЕРКА НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ
I
(1) Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година во вкупен износ од 2.132.000.000,00 денари се обезбедени согласно, Буџетот на Република Македонија за 2018 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 196/17), раздел 140.04 – Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст Агенцијата), Програма 2 – Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Потпрограма 20 – Финансиска поддршка во земјоделството ставка 464-разни трансфери во износ од 320.000.000,00 денари, Програма 2А – Финансиска поддршка на рурален развој ставка 489 – капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 1.812.000.000,00 денари.
II
(1) Дел од средствата од дел I на оваа програма во износ 1.986.200.000,00 денари ќе се користат за следните мерки за финансиска поддршка на руралниот развој:

Во однос на мерката 111 – Обука и информирање за земјоделските производители, мерката секоја година да се објавува на почетокот на годината и при тоа право за користење и реално да имаат земјоделските производители согласно нивните реални потреби, а НЕ врз основа на она што членовите од академската фела (факултети, институти за истражување) СМЕТААТ СПОРЕД НИВ дека е важно и потребно. Правото на користење и реално да може да си го остваруваат оние за кои што е наменета оваа мерка и согласно член 66 од Законот за земјоделство и рурален развој а тоа се ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ, односно истите на јавен оглас да имаат можност да аплицираат и да повикаат експерти или професори кои што ТИЕ (земјоделците) сметаат дека се релевантни и да се однесуваат на практични мерки и обуки, а не на пишување на теории и програми. Висината на поддршката доколку се доделува реално на земјоделските производители да се зголеми од 100.000 денари на 500.000 денари.
Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност – критериумите до 40 годишна возраст да остане и понатаму, меѓутоа да се избрише критериумот – барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената или новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Ова од причина што се намалува можноста за аплицирање на лицата кои што еднаш ќе бидат одбиени во овој повик повторно да аплицираат , како и поради тоа што има голем број на млади земјоделци кои што имаат регистрирано свое семејно земјоделско стопанство меѓутоа пред повеќе од 18 месеци. Тоа не ги прави воопшто помалку млади од останатите, а и на ваков начин првиот и вториот критериум се контардикторни помеѓу себе. Во однос на висината на поддршката истата е доволна секако со можности и услови за нејзино линеарно зголемување низ годините.
Исто така во оваа мерка за млади земјоделци, да се воведе и подмерка која што пак ќе биде наменета исклучително за младите жени-земјоделки носители на СЗС, при што на ваков начин се поттикнува и родовата застапеност во земјоделството, а и се охрабруваат и младите жени да продолжат да се занимаваат со оваа дејност, што пак понатаму значи и основање на семејство во рурална средина и задржување на животот и населението во овие средини кое што од година во година се повеќе го нема.

Погледнете ја целата програма тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *