Оглас за екперт

03/05/2019

 

Рурална Коалиција Куманово, во рамките на проектот “Добрата земјоделска пракса – основа за заштита на животната средина“ го објавува следниот:

 

ОГЛАС

Проектот “Добра земјоделска пракса – основа за заштита на животната средина“ предвидува изработка на извештај од теренско истражување, како и изработка на практичен водич за примена на мерките од добрата земјодлеска пракса кој што ќе биде достапен и лесно разбирлив за земјоделците.

Крајниот резултат кој што треба да се достигне во рамките на оваа активност во проектот е:

  • Изработен 1 извештај за реалната состојба со примената на добрата земјоделска пракса од страна на земјоделците во 5 плански региони;
  • Изработен 1 практичен водич за примена на добрата земјоделска пракса во земјоделството

Квалификации на експертот:

  • Завршено универзитетско образование;
  • Развиени аналитички и комуникациски вештини;
  • Искуство во делот на изработка на мониторинг извештаи, работа во граѓански сектор, работа со земјоделци,, како и основни познавања на политиките во земјоделството и руралниот развој

Кандидатите кои што се заинтересирани за повикот треба да достават професионална биографија (CV) најдоцна до 13 мај 2019 година во електронска форма на следнава e-mail адреса: rkoalicija@gmail.com

Проектот “Добрата земјоделска пракса – основа за заштита на животната средина е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање.